Еремија
16 И пак ми дојде Јеховината реч: 2 „Не земај си жена и немај синови и ќерки на ова место!+ 3 Зашто, вака вели Јехова за синовите и за ќерките што се раѓаат на ова место и за нивните мајки што ги раѓаат и за татковците на кои им се раѓаат во оваа земја:+ 4 ‚Тие ќе умрат од смртоносни болести.+ Нема да бидат оплакувани,+ и никој нема да ги погребе.+ Ќе станат како гној по земјата.+ Ќе изгинат од меч и од глад,+ а нивните мртви тела ќе им бидат храна на небесните птици и на земните ѕверови‘.+
5 Зашто, вака вели Јехова: ‚Не влегувај во куќа каде што ужалените имаат гозба, немој да жалиш и немој да сочувствуваш со нив!‘+
‚Зашто, јас му го одзедов својот мир на тој народ‘, вели Јехова, ,му ги одзедов милоста* и милосрдието.+ 6 Ќе изумрат и големите и малите во оваа земја. Никој нема да ги погребе,+ никој нема да се удира в гради од жал за нив, никој нема да си прави резови по телото+ поради нив и нема да ја бричи главата поради нив.+ 7 Нема да им биде даден леб каков што им се дава на ожалостените за да се утешат за покојниот,+ ниту ќе им биде дадена чаша на утехата за таткото или за мајката.+ 8 Не влегувај во куќа каде што има гозба за да седнеш со нив, па да јадеш и да пиеш.‘+
9 Зашто, вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: ‚Еве, пред ваши очи и во ваши денови ќе направам да го снема од ова место гласот на радоста и гласот на веселбата, гласот на младоженецот и гласот на невестата‘.+
10 А кога ќе му ги објавуваш на тој народ сите овие зборови, ако те праша: ‚Зошто Јехова ни ја најави целата оваа голема неволја? Кој е нашиот престап и кој е нашиот грев со кој му згрешивме на Јехова, нашиот Бог?‘+ 11 — тогаш речи му: ‚Затоа што вашите татковци ме оставија‘,+ вели Јехова, ,и отидоа по други богови, па им служеа и им се клањаа.+ Ме оставија и не се држеа за мојот закон.+ 12 А вие постапувате уште полошо од вашите татковци+ и, еве, сите се поведувате по своето тврдокорно+ и злобно срце, и не ме слушате.+ 13 Затоа ќе ве истерам од оваа земја+ во земја што не ја познавате,+ како што не ја познаваа ни вашите татковци, и таму ќе им служите на други богови+ дење и ноќе, зашто нема да ви се смилувам!‘
14 ‚Затоа, еве, доаѓаат денови‘,+ вели Јехова, ,кога нема повеќе да се вели: „Како што е жив Јехова, кој ги изведе синовите на Израел од египетската земја“,+ 15 туку: „Како што е жив Јехова, кој ги изведе синовите на Израел од северната земја и од сите земји по кои ги расеа“. Ќе ги вратам во нивната земја, која им ја дадов на нивните татковци.‘+
16 ‚Еве, ќе испратам многу рибари‘, вели Јехова, ,кои ќе ги ловат. Потоа ќе испратам многу ловци,+ и тие ќе ги ловат по сите планини, и по сите ридови, и по сите камени стрмнини.+ 17 Зашто, моите очи се на сите нивни патишта. Ниту тие се скриени од мене, ниту нивниот престап е засолнет од моите очи.+ 18 Првин ќе им платам во полна мера за нивниот престап+ и за нивниот грев, поради тоа што ја осквернија мојата земја.+ Со труповите на своите гадни и одвратни идоли го наполнија моето наследство‘ “.+
19 О Јехова, сило моја и тврдино моја, засолниште мое во денот на неволја,+ кај тебе ќе дојдат народите од краиштата на земјата,+ и ќе речат: „Навистина нашите татковци имаа лажни богови,*+ ништожни, од кои нема никаква корист“.+ 20 Може ли земниот човек да си направи богови, кога тоа не се богови?+
21 „Затоа, еве, ќе им дозволам да ги запознаат, да ги запознаат овојпат мојата рака и мојата моќ,+ па ќе знаат дека моето име е Јехова.“+