Естира
1 Во деновите на Ахасвер*+ — на оној Ахасвер што владееше како цар над сто дваесет и седум покраини+ од Индија до Етиопија — 2 во оние денови кога цар Ахасвер седеше на својот царски престол+ во тврдината+ Суза,+ 3 во третата година на своето царување, приреди кај себе гозба+ за сите свои кнезови и слуги, за војската на Персија+ и Медија,+ за достоинствениците+ и за кнезовите на покраините.+ 4 И многу денови, односно сто и осумдесет дена, го покажуваше богатството+ на своето славно царство, како и величественоста и убавината на својата величина. 5 Кога поминаа тие денови, во градината во дворот на царската палата царот приреди седумдневна гозба за сите луѓе што се наоѓаа во тврдината Суза, од најголемиот до најмалиот. 6 Просторот беше украсен со ленена, памучна и со сина ткаенина+ прицврстена со врвци од фина преѓа, како и со ткаенина од црвеникаво-виолетова волна+ закачена со сребрени алки на мермерни столбови. На подот од порфир,* мермер, седеф и црн мермер имаше златни и сребрени софи.+
7 За пиење се служеше вино во најразлични златни садови,+ а царското вино+ го имаше во изобилство, како што и му прилега на еден цар. 8 Никој не беше со закон присилен да пие, бидејќи царот им нареди на сите управители на својот дворец да му угодуваат секому според неговата желба.
9 И царицата Астина+ приреди гозба за жените во царскиот дворец на цар Ахасвер.
10 На седмиот ден, кога срцето му беше весело од вино,+ цар Ахасвер им рече на Меуман, Висат, Арвона,+ Викта, Авакта, Зетар и Харкас, седуммина дворјани што му служеа+ нему, 11 да ја доведат пред него царицата Астина со царскиот турбан на глава за да им ја покаже на народите и на кнезовите нејзината убавина, зашто беше многу убава.+ 12 Но царицата Астина не сакаше+ да се оѕвие на царевиот повик, кој ѝ го пренесоа дворјаните. Тогаш царот многу се налути и пламна од гнев.+
13 Царот им рече на мудреците,+ кои ја познаваа историјата (зашто така се изнесуваа царските работи пред сите што беа упатени во законот и правото, 14 а најблиски му беа Карсен, Сетар, Адмат, Тарсис, Мерес, Марсена и Мемукан, седум+ кнезови на Персија и Медија, кои имаа пристап до царот+ и седеа на првите места во царството): 15 „Според законот, како треба да се постапи со царицата Астина, зашто таа не го изврши она што ѝ го заповеда цар Ахасвер преку дворјаните?“
16 Тогаш Мемукан+ рече пред царот и пред кнезовите: „Царицата Астина не му згреши само на царот+ туку им згреши и на сите кнезови и на сите народи што живеат во сите покраини на цар Ахасвер. 17 Зашто, за постапката на царицата ќе дознаат сите жени, па во нивни очи нивните мажи*+ ќе бидат презрени,+ зашто жените ќе речат: ‚Цар Ахасвер нареди да ја доведат пред него царицата Астина, но таа не дојде‘. 18 И уште на овој ден кнегињите на Персија и Медија, кои чуле за постапката на царицата, ќе им го велат тоа на сите кнезови на царот, така што ќе има многу презир и гнев.+ 19 Ако му е по волја на царот,+ тој нека издаде царска наредба, и таа нека се запише во законите+ на Персија и Медија, така што не ќе може да биде отповикана:+ Астина да не смее веќе да се појавува пред цар Ахасвер, а царот нека го предаде нејзиното царско достоинство на друга жена, подобра од неа. 20 И одлуката што ќе ја донесе царот нека се разгласи по целото негово царство, кое е многу големо, па сите жени ќе покажуваат почит+ кон своите мажи,+ како кон големите така и кон малите“.
21 Тој предлог им се допадна на царот+ и на кнезовите, и царот постапи според она што го кажа Мемукан. 22 Па испрати писма+ по сите свои покраини. На секоја покраина+ ѝ пиша со нејзиното писмо и на секој народ на неговиот јазик, за секој маж да биде господар во својот дом+ и да го зборува јазикот на својот народ.