2. Коринќаните
9 А излишно е да ви пишувам за собирањето помош за светите,+ 2 бидејќи знам дека сте спремни да помогнете, и поради тоа се фалам со вас пред Македонците, велејќи дека Ахаја веќе цела година е спремна да помогне,+ а вашата ревност поттикна мнозина. 3 Сепак ги испраќам браќата, за да не се покаже дека во тој поглед неосновано сме се фалеле со вас, туку да бидете спремни,+ како што и велев дека ќе бидете. 4 Инаку, ако Македонците дојдат со мене и ве најдат неспремни, ние — да не речам вие — ќе се посрамиме поради тоа што сме се надевале на вас. 5 Затоа сметав дека е потребно да ги замолам браќата првин да дојдат кај вас и однапред да го подготват вашиот великодушен дар, кој веќе претходно е ветен,+ да биде подготвен како израз на великодушност, а не како нешто изнудено.+
6 А што се однесува до ова, велам: кој скудно сее,+ скудно и ќе жнее, а кој обилно сее,+ обилно и ќе жнее. 7 Секој нека направи како што одлучил во своето срце, не без волја,+ ниту со сила, зашто Бог го сака веселиот дарител.+
8 А Бог може во изобилство да ви ја покаже сета своја незаслужена доброта за секогаш да имате доволно од сѐ и уште да имате во изобилие за да го извршите секое добро дело.+ 9 (Како што е напишано: „Великодушно дели, им дава на сиромасите, неговата праведност останува засекогаш“.+ 10 А оној што обилно му дава на сејачот семе и на луѓето леб за јадење,+ ќе ви даде семе и ќе ви го умножи и ќе ги зголеми плодовите на вашата праведност.)+ 11 Во сѐ збогатувајте се за секаква великодушност, која, поради она што го правиме, ги поттикнува луѓето да му благодарат на Бог.+ 12 Зашто, таа служба, со која се собира помош, не треба само да ги задоволи потребите на светите+ туку треба да даде поттик за многубројни благодарности на Бог. 13 Поради она што го покажавте помагајќи* им така на другите, тие го слават Бог бидејќи се подложни на добрата вест за Христос,+ како што изјавувате јавно, и бидејќи великодушно им давате прилози ним и на сите.+ 14 Молејќи се сесрдно за вас, тие копнеат по вас поради незаслужената доброта+ која Бог обилно ви ја покажува.