Лука
5 Еднаш, додека стоеше покрај Генисаретското Езеро,*+ народот се туркаше околу него и ја слушаше Божјата реч. 2 И виде два чамца што стоеја на брегот од езерото, а рибарите беа излегле од нив и ги плавеа мрежите.+ 3 Влезе во еден од тие чамци, кој беше на Симон, и го замоли да се оддалечи малку од копното. Тогаш седна и почна да го поучува народот од чамецот.+ 4 Кога престана да зборува, му рече на Симон: „Отплови таму каде што е длабоко, фрлете ги своите мрежи+ и ловете!“ 5 А Симон рече: „Учителе, цела ноќ се мачевме и ништо не уловивме,+ но штом ти така велиш, ќе ги спуштам мрежите“. 6 Кога го направија тоа, фатија толку многу риби што мрежите почнаа да им се кинат. 7 Затоа им мавнаа со рака на своите другари во другиот чамец да дојдат и да им помогнат.+ И дојдоа, и толку ги наполнија двата чамца што скоро ќе потонеа. 8 Кога го виде тоа, Симон Петар+ му падна на Исус пред нозе и рече: „Оди си од мене, Господару, бидејќи сум грешен човек!“+ 9 Зашто, кога видоа колку риби фатија, се вчудовидоа тој и сите што беа со него, 10 а исто така и Јаков и Јован, синовите на Зеведеј,+ кои му беа соработници на Симон. Но Исус му рече на Симон: „Не плаши се! Отсега ќе ловиш луѓе“.+ 11 И така ги извлекоа чамците на копното, оставија сѐ и појдоа по него.*+
12 Додека беше во еден од градовите, се појави човек полн со лепра. Кога го здогледа Исус, падна ничкум и го замоли: „Господару, ако сакаш, можеш да ме исчистиш“.+ 13 А тој ја испружи раката, го допре и рече: „Сакам, исчисти се!“ И лепрата веднаш исчезна од него.+ 14 И му заповеда на човекот: „Никому ништо не кажувај,+ туку оди и покажи му се на свештеникот,+ и принеси жртва+ за своето очистување, како што пропиша Мојсеј, ним за сведоштво“.+ 15 И гласот за него сѐ повеќе се ширеше, и луѓето во голем број се собираа за да слушаат и да бидат излекувани од своите болести.+ 16 А Исус се повлече на едно осамено место во пустината и се молеше.+
17 Еден ден, додека поучуваше, таму седеа фарисеи* и учители по законот, кои беа дошле од сите села на Галилеја и Јудеја и од Ерусалим. А Јеховината сила беше со него за да лекува.+ 18 И гледај, луѓето донесоа на носилка еден човек што беше парализиран, и бараа начин да го внесат и да го стават пред него.+ 19 Но поради мноштвото, не можеа да го внесат, па се качија на покривот, направија отвор во ќерамидите и го спуштија на носилката меѓу оние што беа пред Исус.+ 20 Кога ја виде нивната вера, рече: „Човеку, простени ти се гревовите!“+ 21 Тогаш книжниците и фарисеите почнаа да размислуваат: „Кој е овој што хули?+ Кој може да простува гревови освен самиот Бог?“+ 22 А Исус сфати за што размислуваат, па им рече: „За што размислувате во своите срца?+ 23 Што е полесно? Да се каже: ‚Простени ти се гревовите‘, или да се каже: ‚Стани и оди‘?+ 24 Но знајте дека Синот човечки има власт на земјата да простува гревови!“ Тогаш му рече на парализираниот: „Тебе ти велам, стани, земи си ја носилката и оди си дома!“+ 25 И тој веднаш стана пред нив, ја зеде носилката на која лежеше и си отиде дома, славејќи го Бог.+ 26 Тогаш сите до еден останаа восхитени,+ па го славеа Бог и, исполнети со страв, велеа: „Денес видовме нешто неверојатно!“+
27 Потоа излезе и виде еден даночник, по име Леви, како седи на местото каде што се собираше данок. И му рече: „Појди по мене!“+ 28 И тој остави сѐ,+ стана и појде по него. 29 И Леви му приреди голема гозба во својот дом. А на трпезата имаше* и многу даночници и други луѓе.+ 30 Тогаш фарисеите и нивните книжници почнаа да им приговараат на неговите ученици: „Зошто јадете и пиете со даночници и грешници?“+ 31 Исус им одговори: „На здравите не им треба лекар,+ туку на болните.+ 32 Не дојдов да ги повикам на покајание праведниците, туку грешниците“.+
33 А тие му рекоа: „Учениците на Јован често постат и сесрдно се молат, а тоа го прават и учениците на фарисеите, но твоите јадат и пијат“.+ 34 А Исус им рече: „Можете ли пријателите на младоженецот да ги натерате да постат додека младоженецот е со нив?+ 35 Но ќе дојдат денови кога младоженецот+ ќе им биде одземен.+ Тогаш, во тие денови, ќе постат“.+
36 Понатаму, им раскажа една споредба: „Никој не сече закрпа од нова облека за да ја пришие на стара облека. Инаку новата закрпа ќе се откине, а и закрпата од новата облека не одговара на старата.+ 37 И никој не става ново вино во стари мешини. Инаку новото вино ќе ги скине мешините+ и ќе се пролее, а мешините ќе пропаднат.+ 38 Туку новото вино треба да се стави во нови мешини. 39 Никој што пиел старо вино не сака ново, зашто вели: ‚Старото е добро‘ “.+