3. Мојсеева
17 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 2 „Кажи им на Арон, на неговите синови и на сите синови на Израел и речи им: ,Еве што заповеда Јехова:
3 „Секој од домот на Израел што ќе заколе јунец или млад овен или јарец во логорот или, пак, ќе го заколе надвор од логорот, 4 а не го донесе на влезот од шаторот на средбата+ за да го принесе како жртва за Јехова пред шаторот на Јехова, секој таков ќе биде виновен за крв. Пролеал крв и затоа да се погуби и така да се отстрани од неговиот народ,+ 5 за синовите на Израел да ги доведуваат животните кои досега ги колеа во полето.+ Нека му ги доведат на Јехова на влезот во шаторот на средбата, кај свештеникот,+ и нека му ги принесат на Јехова како жртва на заедништвото.+ 6 И свештеникот нека го попрска со крв Јеховиниот жртвеник+ на влезот во шаторот на средбата, а лојот+ нека го изгори за успокојувачки мирис за Јехова.+ 7 И своите жртви повеќе да не им ги принесуваат на демоните со јарешки лик,*+ кои ги почитуваат.*+ Тоа ви е трајна одредба од поколение во поколение“ ‘.
8 И речи им: ‚Секој од домот на Израел или од дојденците што живеат меѓу вас, кој ќе принесе жртва паленица+ или некоја друга жртва, 9 а не ја доведе на влезот во шаторот на средбата за да му ја принесе на Јехова,+ таквиот да биде погубен и така да биде отстранет од неговиот народ.+
10 Ако некој од домот на Израел или некој дојденец што живее меѓу вас јаде каква и да е крв,+ ќе се свртам против таквиот човек*+ што ќе јаде крв, па ќе го погубам, и така ќе го отстранам од неговиот народ. 11 Зашто, душата на телото е во крвта+ и јас ви ја одредив за жртвеникот за очистување+ на вашите души; крвта+ е она што врши очистување,+ бидејќи душата е во неа. 12 Затоа им реков на синовите на Израел: „Ниту една душа меѓу вас не смее да јаде крв и ниту еден дојденец што живее меѓу вас+ не смее да јаде крв“.+
13 Секој од синовите на Израел или од дојденците што живеат меѓу вас, кој ќе фати во лов некаков дивеч или птица што може да се јаде, нека ѝ ја пролее крвта+ и нека ја затрупа со земја.+ 14 Зашто, душата на секое тело е неговата крв, бидејќи душата е во неа. Затоа им реков на синовите на Израел: „Не смеете да ја јадете крвта од ниту едно тело, зашто душата на секое тело е неговата крв.+ Секој што ќе јаде од неа, ќе биде погубен“.+ 15 Секој* што ќе јаде нешто пцовисано или нешто што го растргнала ѕверка,+ било да е роден Израелец било да е дојденец, нека си ја испере облеката, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта.+ Потоа ќе биде чист. 16 Но, ако не си ја испере облеката и не го искапе телото, ќе одговара за својот престап‘ “.+