Изреки
26 Како што снег не прилега лете и дожд за време на жетва,
така честа не му прилега на безумникот.
2 Како што птицата со причина одлетува и ластовичката со причина лета,
така и клетвата не доаѓа без причина.*
3 Камшикот е за коњот, уздата е за магарето,
а прачката е за грбот на безумниците.
5 Одговори му на безумникот според неговата глупавост
за да не си мисли дека е паметен.
6 Како човек што си ги осакатува нозете и самиот си наштетува,
таков е оној што му доверува нешто на безумник.
7 Како несигурните нозе на куциот,
таква е мудрата изрека во устата на безумниот.
8 Да му се укажува чест на безумник
е како да се врзува камен за праќа.
9 Како трнлива гранка во раката на пијаница,
таква е мудрата изрека во устата на безумниот.
11 Како што кучето се враќа на својата блујавица,
така и безумникот ја повторува својата глупост.
12 Си видел ли човек кој си мисли дека е мудар?
Повеќе надеж има за безумникот отколку за него.
13 Мрзливиот вели: „На патот има млад лав,
има лав сред улица!“
14 Како што вратата се врти на шарките,
така мрзливиот се превртува во својата постела.
15 Мрзливиот ја става раката во чинијата,
но премногу е уморен да си ја принесе до устата.
16 Мрзливиот си мисли дека е помудар
од седуммина кои даваат разумен одговор.
18 Како лудак што фрла огнени копја и смртоносни стрели,
19 таков е човекот што ќе го измами својот ближен,
па му вели: „Само се шегував“.
20 Кога нема дрва, огнот згаснува,
и кога нема клеветник, караницата престанува.
21 Како што јагленот ја разгорува жарта и дрвото огнот,
така кавгаџијата ја разгорува караницата.
22 Зборовите на клеветникот се како вкусни залаци,
лакомо се голтаат и одат право во стомакот.
23 Срдечните зборови кои извираат од злобно срце
се како сребрена глазура врз скршен глинен сад.
24 Оној што ги мрази другите го прикрива тоа со своите зборови,
но во срцето му тлее измама.
26 Тој лукаво ја прикрива својата омраза,
но неговата злоба ќе биде разоткриена пред сите.
27 Кој копа јама, самиот ќе падне во неа;
кој тркала камен, каменот ќе се стркала врз него.
28 Лажливиот јазик ги мрази оние што ги сотрува,
и ласкавата уста нанесува штета.