Римјаните
16 Ви ја препорачувам Фива, нашата сестра, која служи+ во собранието* во Кенхреја:+ 2 примете+ ја во Господарот,* како што им прилега на светите, и помогнете ѝ во сѐ што ќе ѝ затреба од вас,+ зашто и таа им беше заштитничка на мнозина, па и мене.
3 Поздравете ги Приска и Акила,+ моите соработници+ во Христос Исус, 4 кои го изложија на опасност+ својот живот поради мене.* Ним сум им благодарен+ не само јас туку и сите собранија од другите народи. 5 Поздравете го и собранието во нивната куќа.+ Поздравете го мојот сакан Епенет, кој меѓу првите+ во Азија* стана Христов следбеник.* 6 Поздравете ја Марија, која многу се трудеше за вас. 7 Поздравете ги Андроник и Јуниј, моите роднини+ и мои затворски другари,+ кои уживаат углед меѓу апостолите и кои се Христови следбеници подолго од мене.
8 Поздравете го+ Амплијат, мојот сакан брат во Господарот. 9 Поздравете го Урбан, нашиот соработник во Христос, и мојот сакан Стахиј. 10 Поздравете го+ Апел, испитаниот во Христос. Поздравете ги домашните на Аристовул. 11 Поздравете го Иродион, мојот роднина.+ Поздравете ги домашните на Нарцис, кои се во Господарот.+ 12 Поздравете ги Трифена и Трифоса, кои се трудат во Господарот. Поздравете ја Персида, нашата сакана сестра, зашто многу се трудеше во Господарот. 13 Поздравете го Руф, избраникот во Господарот, и неговата и моја мајка. 14 Поздравете ги Асинкрит, Флегонт, Хермес, Патров, Ерма и браќата што се со нив. 15 Поздравете ги Филолог и Јулија, Ниреј и неговата сестра, и Олимп и сите свети што се со нив.+ 16 Поздравете се еден со друг со свет бакнеж.+ Ве поздравуваат сите Христови собранија.
17 Ве молам, браќа, бидете претпазливи поради оние што создаваат поделби+ и ги наведуваат другите да се спрепнуваат во верата, спротивно на учењето+ за кое сте поучени, и избегнувајте ги!+ 18 Зашто, таквите не му робуваат на нашиот Господар Христос, туку на желбите на своето тело,*+ па со слатки+ и ласкави зборови+ ги заведуваат срцата на простодушните. 19 Вистина, за вашата послушност дознаа сите.+ Затоа се радувам поради вас. Но сакам да бидете мудри+ во поглед на она што е добро, а невини+ во поглед на она што е зло.+ 20 А Бог, кој дава мир,+ наскоро ќе го сотре Сатана+ под вашите нозе. Незаслужената доброта на нашиот Господар Исус нека биде со вас!+
21 Ве поздравуваат Тимотеј, мојот соработник, и Луциј и Јасон и Сосипатер, моите роднини.+
22 Ве поздравувам во Господарот јас, Терциј, кој го напиша ова писмо.
23 Ве поздравува Гај,+ кој ми беше домаќин мене и на целото собрание. Ве поздравуваат Ераст, градскиот+ благајник, и Кварт, неговиот брат. 24 * ——
25 А на Бог+ — кој може да ве зацврсти според добрата вест што ја објавувам и според проповедањето за Исус Христос, според откривањето на светата тајна+ која долго време беше скриена, 26 а сега се објави+ и се прогласи преку пророчките Писма меѓу сите народи, според заповедта на вечниот Бог, за да стекнат вера и да му бидат послушни+ — 27 нему, единствениот мудар,+ нека му биде славата+ преку Исус Христос+ во сета вечност! Амин.