Псалми
Давидов псалм. Маскил.*
32 Среќен е оној кому престапот* му е простен, кому гревот му е покриен.+
3 Кога молчев, коските ми се исушија од непрестајно офкање.+
4 Зашто, дење и ноќе твојата рака ме притискаше.+
Исчезна животниот сок во мене како да сум на летен припек.+ (Села)
5 Конечно ти го признав гревот и не ја прикрив вината.+
Реков: „Ќе му ги признаам на Јехова своите престапи“.+
И ти ја прости вината за моите гревови.+ (Села)
6 Затоа, секој што ти е лојален, ќе ти се моли тебе+
додека сѐ уште може да те најде.+
Порои од многу води нема ни да го допрат.+
7 Ти си ми скривалиште, ти ќе ме штитиш од маката.+
Ќе ме опколиш со радосни извици поради избавувањето.+ (Села)
8 „Ќе ти дадам разборитост* и ќе те поучам за патот по кој треба да одиш.+
Ќе те советувам, моето око ќе биде над тебе.+