На управителот. Давидова песна.
41 Среќен е оној што постапува обѕирно со бедниот,+
Јехова ќе го избави во денот на неволја.+
2 Јехова ќе го заштити и ќе му го зачува животот.+
Ќе биде прогласен за среќен на земјата,+
и ти нема да ѝ го предадеш на душата на неговите непријатели.+
3 Јехова ќе го поткрепи кога ќе лежи болен в постела.+
Ќе се грижиш за него додека е болен.+
4 А јас реков: „Јехова, смилувај ми се!+
Излекувај ми ја душата, зашто ти згрешив“.+
5 Моите непријатели зборуваат лошо за мене:+
„Кога ќе умре и кога ќе го снема неговото име?“
6 И ако дојде некој да ме види, неговото срце кажува невистина,+
тој собира зло,
потоа излегува и зборува надвор за тоа.+
7 Сите што ме мразат си шепотат еден на друг против мене,+
ми смислуваат зло:+
8 „Зло се излеало на него.+
Штом паднал в постела, повеќе не станува“.+
9 Дури и човекот што беше во мир со мене, во кого имав доверба,+
кој јадеше од мојот леб,+ се крена против мене.+
10 А ти, Јехова, смилувај ми се и подигни ме+
за да можам да им вратам.+
11 По ова знам дека сум ти мил,
зашто мојот непријател не извикува победнички над мене.+
12 Ти ме поткрепи зашто сум непорочен,+
и ќе ме ставиш да бидам пред твоето лице за навек.+
13 Нека е благословен Јехова, Богот на Израел,+
од век до век!+
Амин! Амин!+