Псалми
На управителот, за „Криновите“. Псалм од синовите на Кореј. Маскил.* Песна за љубените жени.
2 Поубав си од синовите човечки,+
милост се излеала на твоите усни,+
затоа Бог те благословил довека.+
4 Во својата величественост успешно изврши ја својата задача,+
јавај застапувајќи ги вистината, понизноста и праведноста,+
и твојата десница ќе те поучи за застрашувачки дела.+
5 Остри се твоите стрели — под тебе паѓаат народи+ —
се забодуваат во срцето на непријателите на царот.+
6 Бог е твојот престол за навек, за сета вечност,+
жезолот на твоето царување е жезол на справедливоста.+
7 Ја сакаш праведноста+ и го мразиш злото.+
Затоа Бог, твојот Бог,+ те помаза+ со масло на радоста+ повеќе отколку твоите другари.*+
8 Сите твои облеки мирисаат на смирна, алое и касија,+
од величествената палата од слонова коска+ те весели звукот од жичените инструменти.
14 Во исткаено руво ќе ја доведат кај царот.+
Девиците во нејзина придружба, нејзини другарки, ги воведуваат кај тебе.+
15 Ќе ги доведат со радост и веселба,
Ќе влезат во царската палата.