Псалми
На управителот, за жичени инструменти. Маскил.* Давидов псалм.
2 Сослушај ме и одговори ми.+
Талкам вознемирен поради својата грижа,+
на немирот не можам да му се оттргнам,
3 поради гласот на непријателот, поради притисокот од злобниот.+
Зашто, на мене фрлаат зло+
и во својот гнев ме мразат.+
5 Страв и трепет влегува во мене,+
ми поминуваат морници.
7 Еве, би одлетал далеку,+
би живеел во пустина.+ (Села)
8 Би побрзал на местото на своето прибежиште,
пред силниот ветар, пред луњата“.+
11 Во него има неволји,
на неговиот плоштад постојано има угнетување и измама.+
12 Зашто, не ме срамеше мојот непријател,+
тоа би го поднел.
Не се дигаше вообразено над мене оној што многу ме мрази,+
од него би се скрил.+
13 Туку тоа го правеше ти, смртен човеку еднаков на мене,+
мој пријателе, мој другару.+
14 А толку блиски другари бевме,+
со мноштвото одевме во Божјиот дом.+
18 Ќе ја откупи мојата душа и ќе ѝ даде мир од борбата што се води против мене,+
зашто, цели мноштва се подигаат против мене.+
19 Бог, кој седи на престолот како и во минатото,+
ќе чуе и ќе им врати+ (Села)
на оние што не се менуваат+
и не се бојат од него.+
21 Зборовите на неговата уста се помазни од маст,+
но неговото срце е воинствено.+
Неговите зборови се поблаги од масло,+
а всушност се мечеви извлечени.+