На управителот, за једутун. Давидова песна.
62 Мојата душа го чека Бог во тишина.+
Од него доаѓа моето спасение.+
2 Тој ми е карпа и спасение, моја сигурна тврдина на високо место,+
и да се сопнам, нема да паднам.+
3 До кога ќе му се нафрлате на човекот кого сакате да го убиете?+
Сите вие сте како навален ѕид, ѕид каменен што се руши.+
4 Вистина, тие даваат лоши совети за да го соборат човекот од неговата почесна положба.+
Тие уживаат во лагата.+
Со устата благословуваат, а во себе проколнуваат.+ (Села)
5 Тивко чекај го Бог, о душо моја,+
зашто од него доаѓа мојата надеж.+
6 Тој ми е карпа и спасение, моја сигурна тврдина на високо место,+
нема да се затетеравам.+
7 Бог ми е спасение и слава.+
Бог ми е цврста карпа и прибежиште.+
8 Имај доверба во него, народе, во секое време!+
Излевајте го срцето пред него!+
Бог е наше прибежиште.+ (Села)
9 Навистина, синовите земни се само здив,+
синовите човечки се лажно прибежиште.+
Кога сите заедно ќе ги ставиш на вага, полесни се од здив.+
10 Не надевајте се на измамата,+
не полагајте празна надеж во грабежот!+
Ако ви расте имотот, не дозволувајте срцето да ви се приврзе за него.+
11 Бог рече еднаш, двапати го слушнав ова:+
моќта му припаѓа на Бог.+
12 И милоста е во тебе, Јехова,+
зашто ти му плаќаш секому според неговото дело.+