Псалми
Во врска со Соломон.
3 Планините и ридовите нека му донесат мир на народот+
со правдата.
4 Нека им суди на страдалниците од народот,+
нека ги спаси синовите на сиромавиот
и нека го сотре оној што ги измамува.
5 Тие ќе се бојат од тебе додека постои сонцето+
и додека постои месечината, од поколение во поколение.+
9 Пред него ќе се поклонат жителите на безводните краишта,+
неговите непријатели ќе ја лижат прашината.+
10 Царевите на Тарсис и на островите*+
ќе плаќаат данок.+
Царевите на Сава и Сева
ќе донесуваат подароци.+
14 Од угнетување и од насилство ќе ја откупи нивната душа,
нивната крв ќе биде скапоцена во негови очи.+
15 Нека биде жив+ и нека му дадат злато од Сава.+
Луѓето за него постојано нека се молат,
благослов нека го следи по цел ден.+
16 На земјата житото богато ќе роди,+
по планинските врвови ќе го има во изобилство.+
Неговиот род ќе биде како ливанските дрвја,+
а градските жители ќе цветаат како растенијата на земјата.+
17 Неговото име нека трае довека!+
Неговото име нека расте пред сонцето
и со Него нека се благословуваат луѓето!+
Сите народи нека го нарекуваат среќен!+
19 И да е благословено неговото славно име довека,+
неговата слава нека ја исполни целата земја.+
Амин! Амин!*
20 Овде завршуваат молитвите на Давид, синот на Јесеј.+