ТРЕТА КНИГА
(Псалми 73 — 89)
Асафова+ песна.
73 Бог е навистина добар кон Израел, кон оние што имаат чисто срце.+
2 А мене за малку нозете ќе ми застранеа од патот,+
моите чекори за малку ќе се слизнеа,+
3 зашто почнав да им завидувам на фалбаџиите+
кога гледав како злите живеат во мир.+
4 Зашто, тие не знаат за смртни болки,+
голем им е стомакот.+
5 Не знаат за маките на смртниот човек+
и не се мачат како другите луѓе.+
6 Затоа вообразеноста им е како ѓердан,+
насилството ги покрива како облека.+
7 Очите им се надуени од дебелина,+
ги надминаа и замислите на своето срце.+
8 Се подбиваат и зборуваат за зло,+
вообразено зборуваат за измама.+
9 Нивното фалење допира до небо,+
а нивниот јазик ја обиколува земјата.+
10 Тој го враќа народот
и за нив се излева изобилство вода.
11 И велат: „Како ќе дознае Бог?+
Има ли знаење во Севишниот?“+
12 Ете, злите се спокојни довека,+
го трупаат своето богатство.+
13 Навистина, залудно си го исчистив срцето+
и што си ги измив рацете за да покажам дека сум невин.+
14 Злото ме погодува по цел ден,+
укорот ми доаѓа секое утро.+
15 Да речев: „И јас ќе зборувам така“,
би го изневерил
поколението од твои синови.+
16 И размислував за да го сфатам тоа,+
но беше мачно во моите очи
17 сѐ додека не отидов во величественото светилиште на Бог.+
Сакав да разберам каква ќе им биде иднината.+
18 Навистина, ги ставаш на лизгаво место,+
ги туркаш во пропаст.+
19 Каква ужасна глетка стануваат за миг!+
Како им доаѓа крајот, како ги снемува од ненадејни стравотии!
20 Како што човек го презира сонот кога ќе се разбуди,+
така ти, Јехова, кога ќе станеш, ќе ја презреш нивната положба.+
21 Зашто, во срцето имав чемер,+
а болка ми ги прободуваше бубрезите,+
22 и бев неразумен и не можев да сфатам+ —
во твои очи бев како животно.+
23 Но јас сум секогаш со тебе,+
ти ме фати за десницата.+
24 Ќе ме водиш со својот совет+
и потоа ќе ме доведеш до слава.+
25 Кого имам на небото?+
Освен тебе, друга радост немам на земјата.+
26 Ми премалеа телото и срцето.+
Бог е карпата на моето срце и моето наследство за навек.+
27 Зашто, еве, оние што се оддалечуваат од тебе ќе исчезнат.+
Ќе го погубиш секој што ти е неверен и те напушта.+
28 А мене ми е добро да бидам близу до Бог,+
Севишниот Господар Јехова е моето засолниште.+
Ќе ги објавам сите твои дела.+