104 Благословувај го Јехова, душо моја!+
О Јехова, Боже мој, ти си многу велик.+
Во чест и величие си се облекол,+
2 во светлината како со наметка си се завил,+
си ги оптегнал небесата како шаторско платно,+
3 своите горни одаи ги градиш од греди во водите,+
облаците ги претвораш во своја кола,+
одиш на крилјата на ветрот,+
4 своите ангели ги правиш духови,+
своите слуги — оган што проголтува.+
5 Ја утврди земјата на нејзините темели;+
нема да се разниша довека, за сета вечност.+
6 Со водна бездна ја покри како со облека.+
Водите стоеја над планините.+
7 Од твојата закана почнаа да бегаат;+
од татнежот на твоите громови побегнаа уплашени
8 — планините се издигнаа,+
долините се спуштија —
на местото што го утврди за нив.
9 Постави граница, која не смеат да ја преминат,+
за да не ја покријат пак земјата.+
10 Ти испраќаш извори во долините,+
тие течат меѓу планините.
11 Ги напојуваат сите полски животни,+
во нив зебрите+ ја гаснат својата жед.
12 Над нив се гнездат небесните птици,+
во густите лисја се разлева нивниот глас.+
13 Ти ги наводнуваш планините од своите горни одаи.+
Со плодовите на твоите дела се наситува земјата.+
14 Ти правиш да никне зелена трева за стоката+
и растенија за потребите на луѓето,+
и даваш да расте храна од земјата+
15 и вино што го весели срцето на смртниот човек,+
и даваш масло+ за да свети лицето
и леб што го закрепнува срцето на смртниот човек.+
16 Се наситуваат дрвјата Јеховини,
ливанските кедри што ги посади,+
17 на кои си прават гнезда птиците,+
а штркот си свил дом на смреките.+
18 По високите планини+ се козите,+
карпите им се прибежиште на пештерниците.+
19 Ја направи месечината да ги покажува времињата;+
сонцето знае каде треба да зајде.+
20 Ти создаваш темнина и паѓа ноќ+ —
тогаш се движат сите шумски животни.
21 Млади лавови рикаат по пленот+
и својата храна ја бараат од Бог.+
22 Штом сонцето ќе изгрее+ — тие се повлекуваат
и легнуваат во своите скривалишта.
23 Човек оди да работи+
и ја врши својата работа до вечерта.+
24 Колку се многубројни твоите дела, Јехова!+
Сите мудро си ги направил,+
полна е земјата со твоите творби.+
25 А во ова море, толку големо и широко,+
се движат животни без број,+
суштества мали и големи.+
26 Таму пловат бродови;+
го направи левијатанот+ за да си игра во него.+
27 Сите тие те чекаат тебе+
за да им дадеш храна навреме.+
28 Она што им го даваш, го земаат.+
Ја отвораш раката и се наситуваат со добри дарови.+
29 Ако го свртиш своето лице, се збунуваат.+
Ако им го одземеш духот, умираат+
и се враќаат во својот прав.+
30 Ако го испратиш својот дух, се создаваат;+
ти го обновуваш лицето на земјата.
31 Славата на Јехова ќе трае довека.+
Ќе се радува Јехова на своите дела.+
32 Тој ја погледнува земјата, и таа се тресе,+
ги допира планините, и тие чадат.+
33 Ќе му пеам на Јехова додека сум жив,+
со песна ќе го фалам својот Бог сѐ додека постојам.+
34 Нека му бидат пријатни моите мисли.+
Јас ќе му се радувам на Јехова.+
35 Грешниците ќе бидат збришани од земјата,+
ќе нема повеќе зли.+
Благословувај го Јехова, душо моја! Фалете го Јах!+