Исаија
31 Тешко на оние што слегуваат во Египет за помош,+ кои се потпираат на коњите+ и имаат доверба во бојните коли,+ зашто се многубројни, и на бојните коњи, зашто се силни, а не гледаат на Израеловиот Светец, не го бараат Јехова!+ 2 Но и тој е мудар+ и ќе донесе неволја,+ и нема да ги повлече своите зборови.+ Ќе се крене против злосторничкиот дом+ и против помошта што ја бараат оние што прават зло.+
3 Египќаните се земни луѓе,+ а не Бог. Нивните коњи се месо,+ а не дух. Јехова ќе ја подигне раката, па ќе се сопне оној што помага и ќе падне оној кому му помагаат+ — во исто време ќе загинат сите.
4 Зашто, вака ми рече Јехова: „Како што ’ржи лавот, младиот граблив лав,+ над својот плен, дури и кога ќе повикаат цело мноштво овчари, и не се плаши од нивниот глас и не отстапува пред нивната викотница, така Јехова над војските ќе слезе да војува за гората Сион и за нејзиниот рид.+ 5 Како птици што летаат над своите пилиња, така Јехова над војските ќе го брани Ерусалим.+ Ќе го брани и ќе го избави.+ Ќе го поштеди и ќе го спаси“.
6 „Вратете се,+ синови Израелови, кај оној против кого се буните толку жестоко!+ 7 Зашто, во тој ден сите вие ќе ги отфрлите своите безвредни сребрени богови и ништожните златни богови+ што си ги направивте со свои раце за грев.+ 8 Асирецот ќе падне од меч, но не човечки, и меч ќе го проголта, но не човечки.+ Ќе бега од мечот, а неговите момчиња ќе заминат на ропска работа. 9 Неговата карпа ќе побегне од голем страв, неговите кнезови ќе се уплашат од собирниот знак“,+ вели Јехова, чија светлина е на Сион и чија печка+ е во Ерусалим.