Еремија
29 Ова се зборовите на писмото кое пророкот Еремија им го прати од Ерусалим на остатокот од изгнаните старешини, и на свештениците, и на пророците, и на сиот народ, кои Навуходоносор ги одведе од Ерусалим во изгнанство во Вавилон,+ 2 откако цар Јехонија,+ царицата-мајка,+ дворјаните, кнезовите на Јуда и на Ерусалим,+ занаетчиите и градителите на бедеми+ заминаа од Ерусалим. 3 Писмото го испрати по Еласа, синот на Сафан,+ и по Гемарија, синот на Хелкија, кои Седекија,+ царот на Јуда, ги испрати во Вавилон кај Навуходоносор, вавилонскиот цар, а во него стоеше:
4 „Вака им вели Јехова над војските, Богот на Израел, на сите изгнаници што ги испрати од Ерусалим во изгнанство+ во Вавилон: 5 ‚Градете куќи и живејте во нив, садете градини и јадете го нивниот род!+ 6 Женете се и раѓајте синови и ќерки!+ Женете ги синовите и мажете ги ќерките, нека раѓаат синови и ќерки! Множете се таму, за да не бидете малобројни! 7 И барајте мир за градот во кој ве испратив во изгнанство и молете му се на Јехова за него, зашто во неговиот мир почива и вашиот мир!+ 8 Зашто, вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: „Не дозволувајте да ве измамат вашите пророци, кои се меѓу вас, и вашите гаталци,+ и не слушајте ги нивните соништа што ги сонуваат!+ 9 ‚Лажно ви пророкуваат во мое име. Јас не ги испратив‘,+ вели Јехова.“ ‘ “
10 „Вака вели Јехова: ‚Кога ќе навршат седумдесет години во Вавилон, ќе ве посетам+ и ќе ви го исполнам својот добар збор дека ќе ве вратам на ова место‘.+
11 ‚Зашто, јас добро знам какви се моите намери со вас,‘+ вели Јехова, ‚намери за мир, а не за неволја,+ за да ви дадам иднина и надеж.+ 12 Вие ќе ме повикувате, ќе доаѓате кај мене и ќе ми се молите, а јас ќе ве слушам.‘+
13 ‚Ќе ме барате, и ќе ме најдете,+ зашто ќе ме барате со сето свое срце.+ 14 И ќе ви дозволам да ме најдете‘,+ вели Јехова. ‚Ќе ги соберам вашите заробеници и ќе ве соберам од сите народи и од сите места по кои ве расеав‘,+ вели Јехова. ‚Ќе ве вратам на местото од каде што ве испратив во изгнанство.‘+
15 Но вие велите: ‚Јехова ни подигна пророци во Вавилон‘.
16 Вака им вели Јехова на царот, кој седи на Давидовиот престол,+ и на сиот народ што живее во овој град, на вашите браќа што не заминаа со вас во изгнанство:+ 17 ‚Вака вели Јехова над војските: „Еве, ќе испратам против нив меч,+ глад+ и помор,+ и ќе направам да бидат како распукнати смокви, кои се толку лоши што не можат да се јадат.“ ‘+
18 ‚И ќе ги гонам со меч, со глад и со помор, и ќе направам да бидат ужасна глетка за сите земни царства,+ да бидат проклетство и грозотија, за да потсвирнуваат поради нив од зачуденост и да им се потсмеваат сите народи меѓу кои ќе ги расеам,+ 19 зашто не ги слушаа моите зборови‘, вели Јехова, ‚кои им ги испраќав преку своите слуги, пророците, станував рано и ги испраќав.‘+
‚Не слушавте‘,+ вели Јехова.
20 Сите вие, изгнаници,+ што ве испратив од Ерусалим во Вавилон,+ чујте ја Јеховината реч! 21 Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел, за Ахав, синот на Колај, и за Седекија, синот на Маасија, кои ви пророкуваат лага во мое име:+ ‚Еве, ќе му ги дадам во раце на Навуходоносор, царот на Вавилон, и тој ќе ги погуби пред ваши очи.+ 22 И сите изгнаници на Јуда што се во Вавилон ќе ги проколнуваат другите со нивното име, велејќи: „Јехова нека ти направи како на Седекија и како на Ахав,+ кои вавилонскиот цар ги изгоре во оган!“+ 23 Зашто, тие вршеа безумство во Израел,+ вршеа прељуба со жените на своите ближни+ и лажно зборуваа во мое име зборови кои не сум им ги заповедал.+
„Јас сум оној што го знае тоа и сведок сум на тоа“,+ вели Јехова.‘ “
24 „А на Семаја+ од Нелам речи му: 25 ‚Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: „Поради тоа што во свое име му испрати писма+ на сиот народ што е во Ерусалим, и на Софонија,+ синот на Маасија, свештеникот, и на сите останати свештеници, пишувајќи: 26 ‚Јехова те постави за свештеник наместо свештеникот Јодај, за добро да внимаваш во Јеховиниот дом+ на секој човек што се однесува како луд+ и пророкува, па да му ги ставиш во клада нозете и рацете и главата.+ 27 Тогаш зошто не го казни Еремија од Анатот,+ кој пророкува меѓу вас?+ 28 Зашто, тој ни порача нам во Вавилон: „Долго ќе трае тоа! Градете куќи и живејте во нив, садете градини и јадете го нивниот род...“ ‘ “ ‘ “+
29 Свештеникот Софонија+ го прочита тоа писмо пред пророкот Еремија.
30 Тогаш Јеховината реч му дојде на Еремија: 31 „Испрати им ја на сите изгнаници+ оваа порака: ‚Вака вели Јехова за Семаја од Нелам: „Затоа што Семаја ви пророкуваше, а јас не го испратив, и ве наведуваше да верувате во лага,+ 32 вака вели Јехова: ‚Еве, ќе се пресметам со Семаја+ од Нелам и со неговото потомство‘.+
‚Никој од неговите нема да остане во овој народ,+ и нема да го види доброто што ќе го направам за својот народ,‘+ вели Јехова, ‚зашто проповедаше побуна против Јехова‘ “ ‘ “.+