Јов
42 Тогаш Јов му одговори на Јехова:
и дека нема замисла неостварлива за тебе.+
3 Ти рече: ‚Кој е тој што ја замрачува Божјата намера без знаење?‘+
Ете, зборував, но не го разбирав
она што е пречудесно за мене, кое не го познавам.+
4 Ти рече: ‚Те молам, слушај ме, а јас ќе зборувам.
Јас ќе те прашувам, а ти поучи ме.‘+
5 Досега те знаев од слушање,
но сега моето око те гледа.
6 Затоа, повлекувам сѐ што реков
и се каам+ во прав и пепел“.
7 И така Јехова му ги кажа сите тие зборови на Јов. Потоа Јехова му се обрати на Елифаз од Теман:
„Мојот гнев се распали против тебе и против твоите двајца пријатели,+ бидејќи не ја зборувавте вистината за мене+ како мојот слуга Јов. 8 Затоа, земете сега седум јунци и седум овни+ и отидете кај мојот слуга Јов,+ па принесете за себе жртва паленица, а мојот слуга Јов ќе се моли за вас.+ Само него ќе го услишам, па нема да ве посрамам поради вашата голема глупост, поради тоа што не ја зборувавте вистината за мене, како мојот слуга Јов“.+
9 И така, Елифаз од Теман, Вилдад од Суј и Софар од Наама отидоа и направија како што им рече Јехова, и Јехова го услиши Јов.
10 А кога Јов се помоли за своите пријатели,+ Јехова го избави од неволјата што го беше заробила.+ И Јехова му даде на Јов двојно повеќе од сето она што го имаше порано.+ 11 Кај него дојдоа сите негови браќа, и сите негови сестри, и сите што го познаваа порано,+ и јадеа леб со него+ во неговата куќа, го жалеа и го утешија поради сите неволји кои Јехова допушти да го снајдат. И секој од нив му даде по едно парче сребро* и по еден златен прстен.
12 Јехова ги благослови+ подоцнежните години од животот на Јов повеќе отколку претходните,+ па имаше четиринаесет илјади овци, шест илјади камили, илјада чифта говеда и илјада магарици. 13 А му се родија и седум синови и три ќерки.+ 14 На првата ѝ го даде името Емима, на втората ѝ го даде името Касија, а на третата ѝ го даде името Керен-Апух. 15 По целата земја немаше толку убави жени како што беа ќерките на Јов. И нивниот татко им даде наследство со нивните браќа.+
16 Потоа Јов поживеа сто четириесет години+ и ги виде своите синови и своите внуци+ — четири поколенија. 17 И умре Јов, стар и му се наживеа на животот.+