Псалми
На управителот. Давидова песна.
31 Јехова, ти си ми засолниште.+
Не дозволувај да се засрамам+ никогаш.
Во својата праведност избави ме.+
2 Приклони го своето уво кон мене.+
Избави ме брзо.+
Биди ми камена тврдина,+
куќа утврдена, за да ме спасиш.+
7 Ќе се веселам и ќе се радувам поради твојата милост,*+
поради тоа што погледна на мојата неволја.+
Ти ги знаеш маките на мојата душа+
8 и не ме предаде во рацете на непријателот.+
Ми ги постави нозете на широко место.+
10 Зашто, од тага мојот живот се ближи кон крајот+
и моите години — од воздишки.+
Поради мојот престап снемав сила+
и моите коски ослабеа.+
11 На сите што ми се противат+ им станав за подбив,+
на ближните, пак, уште повеќе,+
а на познајниците+ им минуваат морници од мене.
Кога ќе ме видат надвор, бегаат од мене.+
12 Како мртовец кој никој не го памти, јас сум заборавен,+
станав како скршен сад.+
13 Зашто, од мнозина слушам лоши вести,+
страв насекаде.+
Кога се собираат против мене како еден,+
смислуваат како да ми ја земат душата.+
15 Моите денови се во твојата рака.+
Избави ме од раката на моите непријатели и од моите прогонители.+
19 Колку е голема твојата добрина,+ која ја чуваш за оние што се бојат од тебе,+
и на оние што кај тебе бараат засолниште им ја покажуваш
пред синовите човечки.+
20 Од човечки заговори+ ќе ги засолниш на тајно место
во твојата близина.+
Од кавгаџиски јазици+ ќе ги скриеш во својата сенка.
21 Нека е благословен Јехова,+
зашто ми ја покажа својата чудесна милост*+ во градот што го снајде несреќа.+
22 А јас избезумено реков:+
„Ќе ме истребат од пред твоите очи“.+
Сигурно го слушна гласот на моите сесрдни молитви кога викав кон тебе за помош.+