Исаија
5 Ќе му запеам песна на мојот мил, песна за мојот сакан, песна за неговото лозје.+ Мојот мил имаше лозје на плоден рид. 2 Го ископа, го исчисти од камења, засади во него црвена благородна лоза и изгради кула среде него.+ И изделка винско гмечало во него.+ Се надеваше дека ќе роди грозје,+ но тоа роди диво грозје.+
3 „Пресудете сега, ве молам, жители ерусалимски и луѓе од Јуда, помеѓу мене и моето лозје!+ 4 Што требаше уште да му се направи на моето лозје, а не сум го направил?+ Кога се надевав дека ќе роди грозје, зошто роди диво грозје? 5 А сега, ве молам, чујте што ќе му направам на моево лозје: ќе ја отстранам живата ограда околу него+ и ќе ја дадам да ја изгорат.+ Ќе го урнам неговиот каменен ѕид и ќе дозволам да го газат.+ 6 Во пустелија ќе го претворам.+ Нема ни да го кројат ни да го копаат.+ Трње и троскот ќе расте во него,+ а на облаците ќе им заповедам да не пуштаат дожд врз него.+ 7 Лозјето+ на Јехова над војските е Израеловиот дом, луѓето на Јуда се насадот што тој го сакаше.+ Се надеваше на правда,+ а еве, го кршат законот, се надеваше на праведност, а еве пискот.“+
8 Тешко на оние што составуваат куќа со куќа+ и спојуваат нива со нива за да заземат сѐ+ и да останат само тие среде земјата! 9 Со свои уши слушнав како се заколна Јехова над војските дека многу куќи, иако се големи и убави, ќе станат грозна глетка и ќе останат без станари.+ 10 Десет рала+ лозје ќе дадат само еден бат,*+ а еден гомер* семе ќе даде само една ефа.*+
11 Тешко на оние што стануваат рано наутро и бараат опоен пијалак,+ кои остануваат до доцна навечер, па ги распалува виното!+ 12 На нивните гозби+ има харфи и псалтири, дајриња, шупелки и вино, а за Јеховиното дело не им е грижа, не го гледаат делото на неговите раце.+
13 Затоа, мојот народ ќе мора да оди во изгнанство, зашто нема знаење.+ Нивните угледни луѓе ќе изгладнат,+ а обичниот народ ќе гори од жед.+ 14 Затоа гробот* ја рашири својата душа и зина со устата преку мерка,+ а сѐ што е убаво во градот, и неговото мноштво, неговата врева и оние што се веселат, ќе слезат во него.+ 15 Понижен ќе биде земниот човек, ќе се понизи човекот, ќе се понизат очите на возвишените.+ 16 Јехова над војските ќе се возвиши со својата пресуда;+ вистинскиот Бог, Светецот,+ ќе се посвети со својата праведност.+ 17 Јагнињата ќе пасат како да се на своите пасишта, и родот од пустата земја, на која некогаш живееја згоени животни, ќе го јадат дојденци.+
18 Тешко на оние што го влечат престапот со јажиња на невистината и гревот со колски јажиња+ 19 и велат: „Нека побрза со своето дело, нека го направи брзо, за да го видиме! Нека дојде и нека се изврши намерата на Израеловиот Светец, за да го запознаеме!“+
20 Тешко на оние што доброто го нарекуваат зло, а злото добро,+ кои темнината ја сметаат за светлина, а светлината за темнина, кои горчливото го сметаат за слатко, а слаткото за горчливо!+
21 Тешко на оние што се мудри во свои очи и разумни самите пред себе!+
22 Тешко на оние што се силни кога треба да се пие вино и јунаци кога се приготвуваат опојни пијалаци,+ 23 кои за мито го прогласуваат злиот за праведен+ и му ја одземаат праведноста на праведникот!+
24 Затоа, како што огнените јазици го проголтуваат стрништето+ и како што во пламенот исчезнува сувата трева, така нивниот корен+ ќе стане како смрдлив гнилеж и нивниот цвет ќе се разлета како прав, зашто го отфрлија законот на Јехова над војските+ и ја презреа речта на Израеловиот Светец.+ 25 Поради тоа Јехова пламна од гнев против својот народ. Ќе ја крене својата рака против нив и ќе ги удри.+ Планините ќе се затресат,+ а нивните мртви тела ќе станат како ѓубре по улиците.+
Поради сето ова, неговиот гнев не се одврати, туку раката му е сѐ уште подигната. 26 И подигна собирен знак за голем и далечен народ+ и му свирна за да го повика од крајот на земјата.+ И ете, тој ќе дојде молскавично и брзо.+ 27 Никој од нив не е уморен и никој не паѓа. Никој не е дремлив и никој не спие. Нема да се распаше појасот околу нивната половина и нема да им испукаат ремењето на сандалите. 28 Стрелите им се наострени+ и сите нивни лакови се оптегнати. Копитата на нивните коњи ќе бидат како кремен,+ а тркалата на колите како виор.+ 29 Рикањето им е како на лав, рикаат како грабливи млади лавови.+ Ќе ’ржат и ќе го грабаат пленот, ќе го однесат непречено, и никој нема да им го одземе.+ 30 И ќе ’ржат над него во тој ден како што бучи морето.+ Кога некој ќе ја погледне земјата, ќе види застрашувачка темнина.+ И светлината потемне од дождот што паѓа врз неа.