Плач Еремиин
א [алеф]*
3 Јас сум човек што виде неволја+ од стапот на гневот негов.
2 Мене ме одведе и ме испрати да одам по темница, а не на светлина.+
3 И токму против мене постојано, по цел ден, ја свртува својата рака.+
ב [бет]
4 Направи да ми овенат телото и кожата,+ ми ги искрши коските.+
5 Изгради бедем околу мене, ме опкружи+ со отровни растенија+ и со неволја.
6 Ме стави да седам на мрачни места,+ како оние што одамна се мртви.+
ג [гимел]
7 Ме загради со ѕид од камен за да не излезам.+ Ми стави тешки окови.+
8 А кога викам и молам за помош, ја одбива мојата молитва.+
9 Со делкан камен ги препречи моите патишта.+ Патеките ми ги затрупа.+
ד [далет]
10 Тој за мене е како мечка што демне,+ како лав скриен во заседа.+
11 Ги збрка моите патишта и ме остава како земја необработена. Ме опустоши.+
12 Го оптегна лакот свој+ и ме поставува како мета за стрелата.+
ה [хеј]
13 Во бубрези ми ги заби стрелите, синовите на тулот свој.+
14 Станав за потсмев+ за сиот противнички народ, ми се подбиваат во песните по цел ден.+
15 Ме насити со горчина,+ ме напои со пелин.+
ו [вав]
16 Ме пушта да си ги кршам забите со чакал,+ ме тера да клечам во пепелта.+
17 Ме отфрлуваш, нема мир душата моја. Заборавив што е добро.+
18 И велам: „Ја снема мојата возвишеност и она на кое се надевав од Јехова“.+
ז [заин]
19 Сети се на неволјата моја и на бездомништвото мое,+ на пелинот и на отровното растение!+
20 Душата твоја сигурно ќе се сети и ќе се наведне над мене.+
21 На тоа ќе го потсетувам срцето свое,+ поради тоа спремно ќе чекам.+
ח [хет]
22 Поради Јеховината милост*+ не загинавме сосема,+ бидејќи неговите милосрдија никако не престануваат.+
23 Се обновуваат секое утро.+ Верноста твоја е голема.+
24 „Јехова е моето наследство“,+ вели душата моја, „затоа спремно ќе го чекам.“+
ט [тет]
25 Добар е Јехова кон оној што се надева на него,+ кон душата која го бара.+
26 Добро е да се чека,+ без збор да се чека,+ спасението од Јехова.+
27 Добро е човек да го носи јаремот во младоста своја.+
י [јуд]
28 Нека седи во самотија и нека молчи+ зашто тој го стави бремето на него!+
29 Нека ја приближи до прашината устата своја!+ Можеби има надеж.+
30 Нека му го сврти образот на оној што го удира,+ нека се насити со срам!+
כ [каф]
31 Зашто, Јехова не отфрла засекогаш.+
32 Дури да завие во тага,+ тој ќе се смилува поради својата голема милост.*+
33 Зашто, кога им нанесува неволја на синовите човечки или ги завива во тага, не се радува на тоа.+
ל [ламед]
34 Кога под нозете се столчуваат+ сите затвореници на земјата,+
35 кога правдата на човекот се извртува пред лицето на Севишниот,+
36 кога неправедно се постапува со човекот во неговата парница — Јехова не го одобрува тоа.+
מ [мем]
37 Кој заповедал да се случи нешто, и се случило, без Јехова да го заповедал тоа?+
38 Од устата на Севишниот не доаѓа и зло и добро.+
39 Како може жив човек да се жали,+ како може човек да се жали поради гревот свој?+
נ [нун]
40 Да ги испитаме патиштата свои и да ги истражиме,+ и да се вратиме кај Јехова!+
41 Да го подигнеме срцето и рацете кон Бог, кој е на небесата:+
42 „Ние направивме престап и бевме бунтовни.+ А ти не даде прошка.+
ס [самек]
43 Со гнев го спречи пристапот+ и нѐ прогонуваш.+ Убиваше, милост немаше.+
44 Со облаци го спречи пристапот до тебе,+ за да не помине молитвата.+
45 Од нас направи ѓубре и отпад сред народите.“+
פ [пе]
46 Сите наши непријатели ја отворија устата против нас.+
47 Ужас и јама нѐ снајдоа,+ опустошување и пропаст.+
48 Од окото мое течат потоци солзи поради пропаста на ќерката на мојот народ.+
ע [аин]
49 Очите ми истекуваат од плачење, нема одмор за нив+
50 додека Јехова не погледне и не види од небото.+
51 Очите мои ѝ нанесуваат болка на душата моја+ поради сите ќерки на градот мој.*+
צ [цадик]
52 Непријателите мои упорно ме ловат како птица,+ а без причина.+
53 Во јама сакаа да му стават крај* на мојот живот,+ камења фрлаа врз мене.
54 Води ми потекоа преку главата.+ Реков: „Ќе загинам!“+
ק [куф]
55 Го повикав името твое, о Јехова, од најдлабоката јама.+
56 Ти го слушаш гласот мој.+ Не затворај го увото кога барам ослободување, кога тебе те повикувам за помош!+
57 Се приближи во денот кога те повикував.+ Рече: „Не плаши се!“+
ר [реш]
58 Ти, Јехова, ги презеде парниците на душата моја.+ Го откупи животот мој.+
59 Ја виде, Јехова, неправдата што ми е нанесена.+ Донеси ми праведна пресуда!+
60 Ја виде целата нивна одмазда, сѐ што смислуваат против мене.+
ש [син] или [шин]
61 Ги слушна како ме срамотат, Јехова, го слушна сето она што го смислуваат против мене,+
62 зборовите на оние што се креваат против мене+ и она што го шепотат против мене по цел ден.+
63 Погледни ги кога седат и кога стануваат!+ Јас сум им песна.+
ת [тав]
64 Ти, о Јехова, ќе им вратиш според постапките нивни, според делото на нивните раце.+
65 Ќе им дадеш закоравено срце,+ проклетството твое ќе го фрлиш на нив.+
66 Ќе ги гониш во гнев и ќе ги истребиш+ од под небесата твои,+ Јехова.