2. Самоилова
15 Потоа Авесалом си набави кола, коњи и педесет луѓе што трчаа пред него како негова стража.+ 2 И Авесалом ќе станеше рано,+ па ќе застанеше покрај патот што води кон градската порта.+ И секој што имаше некаква парница, па одеше кај царот на суд,+ Авесалом ќе го повикаше кај себе и ќе го прашаше: „Од кој град си?“ А човекот ќе му одговореше: „Твојот слуга е од едно од племињата на Израел“. 3 Тогаш Авесалом ќе му речеше: „Гледаш, твојата работа е добра и праведна, но нема кој да те сослуша кај царот“.+ 4 Авесалом потоа продолжуваше: „Да ме поставеа мене за судија во земјата,+ и да доаѓаше кај мене секој што има некаква парница или спор, јас ќе му дадев правда!“+
5 И кога некој ќе му се доближеше за да му се поклони, тој ќе ја подадеше раката, ќе го привлечеше кон себе+ и ќе го бакнеше. 6 Авесалом го правеше тоа со сите Израелци што доаѓаа кај царот на суд. Така Авесалом ги придобиваше срцата на Израелците.+
7 Кога поминаа четириесет години,* Авесалом му рече на царот: „Те молам, дозволи ми да одам во Хеврон+ за да го исполнам заветот со кој му се заветував на Јехова.+ 8 Зашто, твојот слуга, кога беше во Гесур+ во Сирија, му се заветува на Јехова:+ ‚Ако Јехова ме одведе назад во Ерусалим, ќе му принесам жртви‘ “.+ 9 А царот му одговори: „Оди во мир!“+ И тој стана и отиде во Хеврон.
10 Тогаш Авесалом испрати извидувачи+ по сите племиња на Израел и им порача: „Кога ќе го чуете звукот на рогот, викајте: ‚Авесалом стана цар+ во Хеврон!‘ “+ 11 А со Авесалом од Ерусалим отидоа двесте луѓе, кои ги беше повикал, и тие појдоа простодушно,+ без да знаат што се подготвува. 12 Кога ги принесе жртвите, Авесалом испрати по Гилонецот+ Ахитофел,+ Давидовиот советник,+ да дојде од својот град Гилон.+ И заговорот+ стануваше сѐ посилен и сѐ повеќе луѓе+ му се придружуваа на Авесалом.
13 По некое време, кај Давид стигна гласник и му јави: „Срцето+ на Израелците се приклони кон Авесалом“. 14 Тогаш Давид им рече на сите свои слуги што беа со него во Ерусалим: „Станете! Да бегаме,+ зашто инаку нема спас од Авесалом! Побрзајте, за да не биде побрз тој и да не нѐ стигне, па да ни нанесе зло и да удри на градот со сечилото на мечот!“+ 15 Тогаш царските слуги му рекоа на царот: „Твоите слуги ќе направат сѐ што сака нашиот господар, царот“.+ 16 Така царот отиде со сиот свој дом+ и остави само десет жени, свои наложници,*+ за да го чуваат дворецот. 17 Царот отиде со сиот народ, и застанаа во Вет-Мерак.
18 И сите негови слуги поминаа пред него за да ја преминат долината на Кедрон. Сите Херетејци и сите Фелетејци+ и сите од Гат,+ шестотини луѓе, кои го следеа од Гат,+ поминаа пред лицето на царот. 19 Тогаш царот му рече на Етај+ од Гат: „Зошто одиш со нас и ти? Врати се+ и остани кај царот! Впрочем, ти си туѓинец, а и самиот си протеран од својата земја. 20 Вчера дојде, па зар денес да те водам да талкаш+ со нас, да одиш секаде каде што одам јас? Врати се и поведи ги со себе своите браќа, а Јехова нека ти покаже милост*+ и верност!“+ 21 Но Етај му одговори на царот: „Како што е жив Јехова и како што е жив мојот господар, царот,+ каде и да биде мојот господар, царот, било за смрт било за живот, таму ќе биде и твојот слуга!“+ 22 Тогаш Давид му рече на Етај:+ „Ајде помини!“ И така Етај од Гат помина со сите свои луѓе и со сите свои деца што беа со него.
23 Сите луѓе од таа земја* гласно плачеа+ додека сиот народ ја поминуваше долината.* Царот стоеше во долината на Кедрон,+ а сиот народ поминуваше по патот кон пустината. 24 Тука беше и Садок+ со сите левити,+ кои го носеа+ ковчегот+ на сојузот на вистинскиот Бог. Тие го ставија ковчегот на вистинскиот Бог крај Авијатар+ додека сиот народ не излезе од градот. 25 Тогаш царот му рече на Садок: „Врати го ковчегот+ на вистинскиот Бог назад во градот!+ Ако најдам милост во очите на Јехова, тој ќе ме врати назад и ќе ми дозволи пак да го видам ковчегот и неговото престојувалиште.+ 26 А ако каже: ‚Не си ми по волја‘, еве, нека ми го направи она што е добро во негови очи!“+ 27 Царот уште му рече на свештеникот Садок: „Не си ли ти јасновидец?+ Врати се во мир во градот со Ахимас, својот син, и со Јонатан,+ синот на Авијатар. Вратете се и вие и вашите двајца синови. 28 Еве, јас ќе се задржам крај плитките места во пустиот крај додека не дојде откај вас гласник и не ми донесе вести“.+ 29 Така Садок и Авијатар го вратија ковчегот на вистинскиот Бог назад во Ерусалим и останаа таму.
30 А Давид се искачуваше на Маслинската Гора.+ Одеше плачејќи и со покриена глава.+ Одеше бос, а сиот народ што беше со него се искачуваше плачејќи+ и со покриена глава. 31 На Давид му јавија дека и Ахитофел е меѓу заговорниците+ со Авесалом.+ Тогаш Давид рече:+ „Јехова, те молам,+ претвори го во лудост советот на Ахитофел!“+
32 Кога Давид дојде на врвот на планината, каде што народот му се поклонуваше на Бог, во пресрет му дојде Архиецот+ Хусај,+ со раскината облека и со глава посипана со прав.+ 33 Давид му рече: „Ако појдеш со мене, ќе ми бидеш товар.+ 34 Но, ако се вратиш во градот и му речеш на Авесалом: ‚Царе, јас сум твој слуга! Порано му служев на татко ти, но сега ќе ти служам тебе‘,+ тогаш ќе можеш да ги осуетиш+ советите на Ахитофел и да ги свртиш во моја корист. 35 Нема ли со тебе да бидат и свештениците Садок и Авијатар?+ Сѐ што ќе чуеш во царскиот дворец кажи им го на свештениците Садок и Авијатар.+ 36 Еве, со нив се двајца нивни синови: Ахимас,+ синот на Садок, и Јонатан,+ синот на Авијатар. Преку нив јавувајте ми сѐ што ќе чуете!“ 37 Така Давидовиот пријател Хусај+ се врати во градот, а и Авесалом+ дојде во Ерусалим.