106 Фалете го Јах!+
Благодарете му на Јехова, зашто е добар,+
зашто неговата милост трае довека!+
2 Кој може да ги опише големите дела на Јехова,+
и да ја разгласи сета негова фалба?+
3 Среќни се оние што се држат за правдата,+
кои во секое време го прават она што е праведно.+
4 Сети се на мене, Јехова, со наклоноста што ја имаш кон својот народ.+
Погрижи се за мене и спаси ме,+
5 за да ја видам добротата што ја покажуваш кон своите избраници,+
за да се радувам со радоста на твојот народ,+
за да се гордеам со твоето наследство.+
6 Згрешивме како и нашите татковци,+
постапивме неисправно, направивме зло.+
7 Нашите татковци во Египет
не размислуваа за твоите чудесни дела.+
Не ги памтеа бројните твои дела на голема милост,+
туку се побунија покрај морето, крај Црвеното Море.+
8 А тој ги спаси заради своето име,+
за да ја покаже својата моќ.+
9 Му се закани на Црвеното Море, и тоа пресуши.+
Тогаш ги преведе преку водната бездна како преку пустина,+
10 и ги спаси од раката на оние што ги мразеа,+
и ги избави од раката на непријателот.+
11 Водите ги покрија нивните противници,+
не остана ниту еден од нив.+
12 Тогаш му поверуваа на зборот,+
му запеаја фалби.+
13 Но бргу ги заборавија неговите дела,+
не ги чекаа неговите совети.+
14 Туку својата себична желба ја покажаа во пустелијата+
и го искушуваа Бог во пустината.+
15 И тој им го даде она што го бараа,+
а потоа им пушти на нивните души тешка болест.+
16 И почнаа да му завидуваат на Мојсеј во логорот,+
и на Арон, Јеховиниот свет човек.+
17 Тогаш земјата се отвори и го проголта Датан+
и ја покри дружината на Авирон.+
18 Оган пламна среде нивната дружина,+
пламен ги проголта злите.+
19 А направија и теле на Хорив+
и ѝ се поклонуваа на леана статуа.+
20 Така ја заменија мојата слава+
со лик на бик кој јаде трева.+
21 Го заборавија Бог, својот Спасител,+
оној што направи големи дела во Египет,+
22 чудесни дела во земјата на Хам,+
застрашувачки дела кај Црвеното Море.+
23 И ќе заповедаше да бидат истребени,+
да не беше Мојсеј, неговиот избраник,
кој застана пред него и се зазеде за нив+
за да го одврати неговиот гнев и да не бидат погубени.+
24 Потоа ја презреа посакуваната земја,+
не му веруваа на зборот.+
25 Негодуваа во своите шатори,+
не го слушаа Јеховиниот глас.+
26 Тогаш тој со подигната рака се заколна+
дека ќе ги погуби во пустината+
27 и дека ќе го погуби нивното потомство меѓу народите+
и дека ќе ги расее по земјите.+
28 А тие се приврзаа кон Ваал фегорски+
и јадеа жртви принесувани на безживотни работи.+
29 Го навредуваа Бог со своите постапки,+
и помор се појави меѓу нив.+
30 Но Финес стана и се вмеша,+
и поморот престана.
31 И затоа се смета за праведен
во сите поколенија довека.+
32 А предизвикаа гнев кај водите на Мерива,+
па Мојсеј го снајде неволја поради нив.+
33 Зашто, му ја огорчија душата,
па непромислено проговори со своите усни.+
34 И не ги истребија народите,+
како што им беше заповедал Јехова,+
35 туку се мешаа со народите+
и се научија да постапуваат како нив.+
36 Им служеа на нивните идоли,+
и тие им станаа замка.+
37 Им ги жртвуваа своите синови+
и своите ќерки на демоните.+
38 Пролеваа невина крв,+
крвта на своите синови и на своите ќерки,
кои им ги жртвуваа на ханаанските идоли;+
и земјата се извалка од крвопролевање.+
39 Се извалкаа со своите дела+
и му беа неверни на својот Бог.+
40 И Јехова пламна од гнев кон својот народ,+
му се згади од неговото наследство.+
41 И им ги даваше в раце на народите+
за да владеат над нив оние што ги мразат,+
42 за да ги угнетуваат нивните непријатели
и за да ги покори нивната рака.+
43 Многупати ги избавуваше,+
но тие се бунтуваа и му беа непослушни,+
па беа понижувани поради својот престап.+
44 А тој погледна на нивната неволја+
кога го чу нивниот повик.+
45 Се сети на нив заради својот сојуз+
и се сожали на нив поради многуте дела на својата голема милост.+
46 И направи да најдат милост
кај сите што ги поробија.+
47 Спаси нѐ, о Јехова, Боже наш,+
и собери нѐ од другите народи,+
за да му благодариме на твоето свето име,+
за да зборуваме радосно на твоја фалба!+
48 Благословен нека е Јехова, Богот на Израел,+
од век и до век!
И сиот народ нека рече: Амин!+
Фалете го Јах!+