Песна над песните
1 Соломоновата+ песна над песните:+ 2 „Бакни ме со бакнеж на устата своја!+ Зашто, твојата љубов е подобра од вино.+ 3 Прекрасен е мирисот на твоите масла.+ Името твое е како масло што се точи.+ Затоа те сакаат девојките. 4 Поведи ме со себе,+ да бегаме! Царот ме доведе во одаите свои!+ Да се радуваме и да се веселиме заедно! Да зборуваме за љубовта твоја повеќе отколку за виното.+ Со право те сакаат.+
5 Поцрнев, ама убава сум, о ќерки ерусалимски+ — црна сум како кидарските шатори,+ убава како шаторските платна+ на Соломон. 6 Не гледајте ме што сум црномурна, оти сонцето ме опали. Синовите на мајка ми ми се налутија. Ме поставија да чувам лозја, па своето лозје+ не го чував.
7 Кажи ми, о љубов на душата моја,+ каде е стадото што го пасеш,+ каде го водиш да почива напладне? Зошто да бидам завиена во тага меѓу стадата на другарите твои?“
8 „Ако не знаеш самата, о најубава меѓу жените,+ излези и појди по трагите на стадото и паси ги јарињата свои покрај овчарските шатори.“
9 „Би те споредил со кобилата своја впрегната во фараоновата кола,+ о љубена моја.+ 10 Прекрасни се образите твои меѓу плетенките, и вратот твој под нанижаниот ѓердан.+ 11 Ќе ти направиме златни алки+ со зрна сребрени.“
12 „Додека царот седи на својата трпеза, мојот нард+ го шири мирисот свој.+ 13 Мојот љубен ми е како ќесенце со смирна,+ на градите+ мои тој ќе преноќева. 14 Мојот љубен ми е како грозд од кана+ во лозјата енгедски.“+
15 „Колку си убава, о љубена моја!+ Колку си убава! Имаш очи како гулабица.“+
16 „Колку си убав,+ љубен мој, и колку си мил! Лисјата ни се постела.+ 17 Кедрите+ се греди на нашата преубава куќа, смреките се греди на покривот наш.