Псалми
Давидова песна.
2 Мојата молитва нека биде подготвена како темјан+ пред тебе,+
подигањето на моите раце — како вечерна житна жртва!+
4 Не дозволувај му на моето срце да се приклони кон нешто зло,+
па во злоба да правам срамотни дела+
заедно со луѓе што прават зло,+
и не дозволувај да јадам од нивните вкусни јадења!+
5 Ако ме удри праведник, тоа е милост,*+
ако ме укори, тоа е масло за мојата глава,+
и мојата глава нема да го одбие.+
Дури ќе се молам за него кога ќе се најде во неволја.+
7 Како што дрвата се растурени по земјата кога некој ги сече и ги цепи,
8 Но моите очи се вперени во тебе,+ о Јехова, Севишен Господару.+
Ти си ми прибежиште.+
Не дозволувај мојата душа да ѝ биде предадена на смртта!+
9 Чувај ме да не се фатам во стапицата што ми ја поставија,+
чувај ме од замките на оние што прават зло!+
10 Сите зли ќе паднат во мрежата што сами ја поставија,+
а јас ќе поминам безбедно покрај сето тоа.