Јов
33 Значи, те молам, Јове, чуј ги моите зборови
и слушни сѐ што имам да ти кажам!
2 Те молам, погледни. Ја отворам устата,
мојот јазик и моето непце+ сега ќе зборуваат.
5 Ако можеш, одговори ми,
нанижи ги зборовите пред мене, подготви се да ми се спротивставиш!
7 Еве, во мене нема ништо што би те плашело,
тежината на моите зборови+ нема да те сотре.
8 Но со свои уши те чув,
и уште го слушам звукот на овие твои зборови:
9 ‚Јас сум чист и немам никаков грев.+
Чист сум и нема вина врз мене.+
10 Ете, Бог бара можност да ми се спротивстави,
ме смета за свој непријател.+
14 Бог зборува еднаш
и двапати+ — иако човекот не му обрнува внимание на тоа —
15 на сон,+ во ноќно видение,+
кога луѓето тонат во длабок сон,
додека дремат на постела.+
16 Тогаш тој им ги отвора ушите на луѓето+
и им дава впечатлива опомена,
17 за да го одврати човекот од неговите дела,+
за да го зачува човекот од гордост.+
19 И го укоруваат болките на неговата постела,
не престанува немирот во неговите коски.
20 Поради страдањата што ги доживува, јадењето му стана одвратно,+
поради страдањата на неговата душа, му стана одвратна и вкусната храна.
21 Телото му се распаѓа пред очи,
а коските, кои претходно не се гледаа, сега оголеа.
22 Душата негова се приближува кон јамата+
и неговиот живот се приближува до убијците.
23 Ако се најде гласник за него,
застапник, еден во илјада,
за да му разјасни на човекот што е исправно,
24 тогаш тој ќе му се смилува и ќе рече:
‚Избави го за да не отиде во јамата.+
Најдов откупнина+ за него!
25 Неговото тело нека стане посвежо отколку во младоста,+
нека се врати во деновите на својата младешка сила!‘+
26 Ќе го моли Бог да му покаже наклоност+
и ќе го гледа неговото лице извикувајќи радосно,
и тој ќе му ја врати својата праведност на смртниот човек.
27 А тој ќе им пее на луѓето и ќе рече:
‚Згрешив+ и го извртев она што е право,
а тоа не беше добро за мене.
28 Ја откупи мојата душа за да не отиде во јамата,+
и мојот живот ќе ја гледа светлината‘.
29 Еве, сето тоа го прави Бог,
двапати, трипати, за човекот,
30 за да ја избави неговата душа од јамата,+
за да го осветли со светлината на живите.+
31 Внимавај, Јове! Слушај ме!
Молчи, а јас уште ќе зборувам.
32 Ако имаш што да кажеш, одговори ми!
Зборувај, зашто уживам во твојата праведност.
33 А ако немаш, тогаш ти слушај ме мене.+
Молчи, и ќе те научам на мудрост.“