5. Мојсеева
18 Свештениците и левитите, целото Левиево племе, да немаат дел ни наследство со Израел.+ Нека ги јадат жртвите палени за Јехова, неговото наследство.+ 2 Значи, Леви нека нема наследство меѓу своите браќа. Јехова е неговото наследство,+ токму како што му рече.
3 А од народот, од оние што принесуваат жртва, било од крупната било од ситната стока, свештениците имаат право да го добијат следново: на свештеникот треба да му се даде плешката, двете вилици и желудникот. 4 Дај му ги и првините од своето жито, од своето младо вино, од своето масло и првината од волната што си ја истрижал од овците.+ 5 Зашто, Јехова, твојот Бог, го избра него од сите твои племиња за да стои секогаш и да служи во Јеховино име, тој и неговите синови.+
6 Ако некој левит си отиде од некој од твоите градови во целиот Израел, во кој живеел некое време,+ и по желба на својата душа дојде во местото што ќе го избере Јехова,+ 7 нека служи во името на Јехова, својот Бог, исто како и сите негови браќа левити, кои стојат таму пред Јехова.+ 8 Нека јаде еднаков дел,+ покрај она што ќе го добие со продавањето на татковиот имот.
9 Кога ќе влезеш во земјата што ти ја дава Јехова, твојот Бог, не учи се да ги правиш гадостите на оние народи.+ 10 Кај тебе нека не се најде никој што ќе го помине својот син или својата ќерка низ оган,+ ни некој што гата,+ ни некој што се занимава со магија,+ ни некој што пророкува според предзнаци,+ ни маѓепсник,+ 11 ни некој што фрла уроци,+ ни некој што повикува духови,+ ни некој што ја претскажува иднината,+ ни некој што ги прашува мртвите.+ 12 Зашто, секој што прави такво нешто му е одвратен на Јехова, и поради такви гадости Јехова, твојот Бог, ги истерува од пред тебе.+ 13 Биди непорочен* пред Јехова, својот Бог.+
14 Зашто, народите што ќе ги истераш од нивниот имот ги слушаат оние што се занимаваат со магија+ и оние што гатаат,+ но тебе Јехова, твојот Бог, не ти дозволува такво нешто.+ 15 Јехова, твојот Бог, ќе ти подигне од твојата средина, од твоите браќа, таков пророк каков што сум јас. Него слушајте го!+ 16 Тоа и го бараше од Јехова, својот Бог, на Хорив, на денот на собирот,+ кога рече: ‚Да не го слушам повеќе гласот на Јехова, својот Бог, и да не го гледам повеќе овој голем оган за да не загинам‘.+ 17 Тогаш Јехова ми рече: ‚Добро е тоа што го рекоа.+ 18 Ќе им подигнам пророк од нивните браќа, како што си ти.+ И ќе ги ставам своите зборови во неговата уста+ за да им кажува сѐ што ќе му заповедам.+ 19 А оној што нема да ги послуша моите зборови, кои тој ќе ги кажува во мое име, ќе одговара пред мене за тоа.+
20 Но пророкот што ќе се осмели да зборува во мое име за нешто за кое не сум му заповедал да зборува+ или да зборува во името на други богови,+ таквиот пророк да биде погубен.+ 21 А ако си речеш во срцето: „Како ќе го препознаеме зборот што Јехова не го кажал?“+ 22 — тогаш знај: кога пророкот зборува во Јеховино име, а не се случи и не се исполни она што го рекол, тогаш тоа не го кажал Јехова. Тој пророк го кажал тоа од дрскост.+ Не плаши се од него!‘+