5. Мојсеева
13 Ако се појави во твојата средина некој пророк+ или човек што сонува+ соништа, ако ти даде некаков знак или предзнак+ 2 и ако се обистини тој знак или предзнак за кој ти зборувал, па ти рече:+ ‚Да тргнеме по други богови, кои не ги познаваш, и ним да им служиме!‘ 3 — не слушај ги зборовите на тој пророк, ниту на човекот што го сонил тој сон,+ зашто Јехова, вашиот Бог, ве испитува+ за да види дали го сакате Јехова, својот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа.+ 4 Одете по Јехова, својот Бог, и од него бојте се, држете ги неговите заповеди и слушајте го неговиот глас, служете му нему и приврзете се кон него.+ 5 А оној пророк+ или оној човек што го сонил сонот нека биде погубен,+ зашто поттикнувал на побуна против Јехова, вашиот Бог, кој ве изведе од египетската земја и ве откупи од куќата на ропството. Сакал да те одврати од патот по кој Јехова, твојот Бог, ти заповеда да одиш.+ Отстрани го злото од својата средина!+
6 Кога би се обидел твојот брат, синот на мајка ти, или твојот син, или твојата ќерка, или твојата мила жена, или твојот другар кого го сакаш како својата душа+ да те наговори во тајност: ‚Ајде да им служиме на други богови‘,+ кои не си ги познавал ниту ти ниту ги познавале твоите прататковци, 7 на боговите на народите што се околу вас, кои се блиску или, пак, далеку од тебе, од едниот крај на земјата до другиот, 8 немој да се согласиш со она што тој го сака и немој да го слушаш.+ Нека не го жали твоето око, немој да го сожалиш+ и немој да го штитиш, 9 туку погуби го.+ Твојата рака прва нека се подигне на него за да го погубиш, а потоа раката на целиот народ.+ 10 Засипи го со камења за да загине,+ зашто сакал да те одврати од Јехова, твојот Бог, кој те изведе од египетската земја, од куќата на ропството.+ 11 И тоа ќе го чуе сиот Израел и страв ќе ги обземе сите, па нема повеќе да прават такво зло во твојата средина.+
12 Ако чуеш дека во некои од твоите градови што ти ги дава Јехова, твојот Бог, за да живееш во нив, се зборува: 13 ‚Од твојата средина излегоа некои никаквеци+ за да ги заведат жителите на својот град,+ велејќи: „Ајде да им служиме на други богови“ кои не ги познавате‘, 14 тогаш испитај го тоа, истражи го и темелно распрашај се за тоа,+ па ако се утврди дека е вистина и дека навистина се случило нешто толку одвратно во твојата средина, 15 погуби ги жителите на тој град со сечилото на мечот.+ Уништи го градот и со сечилото на мечот убиј сѐ* што е во него, заедно со целата негова стока.+ 16 Собери го среде плоштадот сето она што е запленето во него и со оган изгори ги градот+ и сето она што е запленето во него како цела паленица за Јехова, твојот Бог. Од него нека останат засекогаш само урнитини+ и никогаш да не се обнови! 17 Ништо од она што е одредено за уништување* нека не ти се прилепи за раката,+ за да се одврати Јехова од својот распламтен гнев+ и да биде милосрден кон тебе, да ти се смилува+ и да те намножи, како што им се заколна на твоите прататковци.+ 18 Затоа слушај го гласот на Јехова, својот Бог, и држи ги сите негови заповеди+ што ти ги давам денес, за да го правиш она што е исправно во очите на Јехова, својот Бог.+