Евреите
1 Бог, кој во минатото многу пати и на многу начини им зборуваше+ на нашите прататковци преку своите пророци,+ 2 во овие последни денови+ ни се обрати нам преку Синот,+ кого го постави за наследник на сѐ,+ и преку кого го направи+ целиот свет.* 3 Тој е одраз на неговата слава+ и точна слика на неговото битие,+ и поддржува сѐ преку моќната реч.+ Откако нѐ исчисти од гревовите,+ седна од десната страна+ на Величеството на висините.+ 4 И стана толку поголем од ангелите+ колку што името што го наследи+ е повозвишено од нивните имиња.
5 Зашто, кому од ангелите Бог некогаш му рекол: „Ти си мој син, јас денес ти станав татко“?+ И уште: „Јас ќе му бидам татко, а тој ќе ми биде син“?+ 6 А за времето кога повторно го воведува својот Првороден+ во светот* вели: „Нека му се поклонат+ сите Божји ангели“.+
7 За ангелите вели: „Своите ангели ги прави духови, а своите слуги* оган пламенен“.+ 8 А за Синот вели: „Бог е твојот престол во сета вечност,+ и жезолот на твоето царство+ е жезол на справедливоста.+ 9 Ја сакаше праведноста и го мразеше беззаконието. Затоа Бог, твојот Бог, те помаза+ со маслото на радоста повеќе отколку твоите другари“.*+ 10 И уште: „Ти, Господару, во почетокот ги положи темелите на земјата, и небесата се дело на твоите раце.+ 11 Тие ќе исчезнат, а ти ќе останеш. И како алишта,+ сето тоа ќе остари, 12 и ти ќе ги свиткаш како наметка,+ како облека, и ќе бидат заменети. А ти си истиот, и на твоите години им нема крај“.+
13 А за кого од ангелите некогаш рекол: „Седи од мојата десна страна додека не ги положам твоите непријатели како подножје на твоите нозе“?+ 14 Зарем сите тие не се духови+ чија должност е да служат+ и кои се испратени да им служат на оние што ќе наследат+ спасение?