ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Изреки 20
  • Свето писмо — превод Нов свет

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

Изреки — краток преглед

    • ИЗРЕКИ НА СОЛОМОН (10:1–24:34)

        • Виното води до потсмев (1)

        • Мрзливиот не ора во зима (4)

        • Мислите на човекот се како длабока вода (5)

        • Опасно е набрзина да се заветува нешто (25)

        • Убавина на младите е нивната сила (29)

Изреки 20:1

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    1/12/2004, стр. 19-20

    1/5/2000, стр. 19

Изреки 20:4

Фусноти

  • *

    Друго можно значење: „за време на жетвата ќе бара, но нема да најде ништо“.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Разбудете се!,

    Бр. 3 2019 стр. 11

Изреки 20:5

Фусноти

  • *

    Или: „намерите“.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/11/2005, стр. 12

    15/9/2003, стр. 14

    1/11/1997, стр. 32

    Разбудете се!,

    8/3/2005, стр. 9-10

Изреки 20:7

Фусноти

  • *

    Буквално: „синови“.

Изреки 20:8

Фусноти

  • *

    Или: „просејува“.

Изреки 20:10

Фусноти

  • *

    Или: „два различни камени тега и два различни мерни сада“.

Изреки 20:11

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула (за проучување),

    3/2016, стр. 4-5

    Разбудете се!,

    8/12/1997, стр. 26

Изреки 20:15

Фусноти

  • *

    Буквално: „корали“. Види го поимот „корал“ во Речникот.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Разбудете се!,

    5/2011, стр. 19

Изреки 20:16

Фусноти

  • *

    Или: „туѓинец“.

Изреки 20:18

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/6/2012, стр. 31

Изреки 20:19

Фусноти

  • *

    Или: „кој ги заведува другите со своите зборови“.

Изреки 20:24

Фусноти

  • *

    Или: „не го разбира својот пат“.

Изреки 20:26

Фусноти

  • *

    Или: „преку нив поминува со вршалка“.

Изреки 20:27

Фусноти

  • *

    Буквално: „Здивот“.

Изреки 20:28

Фусноти

  • *

    Или: „Верната љубов“.

Изреки 20:29

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/3/1993, стр. 27-30

Паралелни преводи

Кликни на бројката пред стихот за да ти покаже паралелни стихови
  • Свето писмо — превод Нов свет
  • Читај во Превод Нов свет (bi12)
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12
  • 13
  • 14
  • 15
  • 16
  • 17
  • 18
  • 19
  • 20
  • 21
  • 22
  • 23
  • 24
  • 25
  • 26
  • 27
  • 28
  • 29
  • 30
Свето писмо — превод Нов свет
Изреки 20:1-30

Изреки

20 Виното води до потсмев, алкохолот до неконтролирано однесување;

оној што поради нив скршнува од патот не е мудар.

 2 Царот влева страв како и рикањето на лавот;

кој го предизвикува неговиот гнев, си го ризикува животот.

 3 Човекот што се воздржува од караница е достоен за чест,

а оној што е безумен се впушта во неа.

 4 Мрзливиот не ора во зима,

па кога ќе дојде жетвата, ќе проси затоа што ќе нема ништо.*

 5 Мислите* во срцето на човекот се како длабока вода,

но оној што е разборит знае како да ги исцрпи.

 6 Многу луѓе се фалат со својата верна љубов,

но кој може да најде човек што навистина е верен?

 7 Праведниот живее беспрекорно;

среќни се неговите деца* по него.

 8 Кога царот седнува на својот престол за да суди,

со своите очи го распознава* сето зло.

 9 Кој може да каже: „Си го исчистив срцето,

чист сум и немам никаков грев“?

10 Неточни тегови и лажни мерки* —

и едното и другото му е одвратно на Јехова.

11 Дури и детето со своите постапки покажува

дали неговото однесување е чисто и исправно.

12 Увото што слуша и окото што гледа —

Јехова ги создал и двете.

13 Не сакај го сонот, за да не осиромашиш.

Отвори си ги очите и стани, па ќе имаш храна во изобилство.

14 „Не чини, не чини!“, вели купувачот,

а потоа си заминува и се фали дека направил добар пазар.

15 Има злато, има и многу скапоцени камења,*

но далеку поскапоцени се усните од кои извира знаење.

16 Земи му ја облеката на оној што гарантирал за непознат човек,

земи залог од него ако гарантирал за туѓинка.*

17 На човекот му е вкусен лебот стекнат со измама,

но потоа устата ќе му се наполни со песок.

18 Со советување, плановите се остваруваат;

затоа води ја својата војна со мудро водство.

19 Клеветникот оди наоколу и открива доверливи работи;

немој да се дружиш со оној што сака да оговара.*

20 На оној што го колне својот татко или својата мајка

ќе му згасне светилката кога ќе падне мрак.

21 Наследството кое се стекнува со алчност

на крајот нема да биде благословено.

22 Не вели: „Ќе вратам мило за драго!“

Надевај се на Јехова, и тој ќе те спаси.

23 Неточните тегови му се одвратни на Јехова,

и нечесната вага не е добра.

24 Јехова ги води чекорите на човекот,

зашто човекот не знае по кој пат да оди.*

25 За човекот е замка кога набрзина ќе му заветува нешто на Бог,

па дури отпосле размислува за тоа што го заветувал.

26 Мудриот цар ги одвојува и ги отстранува злите

исто како што се одвојува плевата од житото.*

27 Зборовите* на човекот се како Јеховина светилка;

тие ја откриваат внатрешноста на човекот.

28 Љубовта* и верноста го чуваат царот;

со верна љубов тој го зацврстува својот престол.

29 Убавина на младите е нивната сила,

а украс на старите е нивната седа коса.

30 Модринките и раните го отстрануваат злото,

а ударите го чистат срцето.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2027)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели