Авакум
1 Објавата која пророкот Авакум ја виде во видение: 2 До кога, Јехова, ќе викам за помош, а ти нема да слушаш?+ До кога ќе те викам на помош поради насилството, а ти нема да спасиш?+ 3 Зошто ме тераш да гледам зло и зошто гледаш неволја? Зошто се пљачката и насилството пред мене, зошто настануваат препирки и зошто избиваат караници?+
4 Затоа законот ја губи силата и правдата никогаш не излегува на видело.+ Бидејќи злите го опкружуваат праведникот, правдата се искривува.+
5 „Погледнете ги народите! Набљудувајте и гледајте се зачудено!+ Чудете се, зашто во ваши денови се извршува дело во кое не би поверувале дури и кога некој би ви зборувал за него!+ 6 Зашто, еве, ги подигам Халдејците,+ народ суров и жесток, кој минува низ земните пространства за да си присвои живеалишта што не му припаѓаат.+ 7 Страшен е и морничав. Неговата правда и неговото достоинство доаѓаат од самиот него.+ 8 Неговите коњи се побрзи од леопарди и посвирепи од ноќните волци.+ Бојните коњи удираат со копитата по земјата и неговите бојни коњи доаѓаат оддалеку. Летаат како орел кога брзо се спушта врз пленот за да го голтне.+ 9 Сиот тој народ доаѓа за да врши насилство.+ Надоаѓаат нивните лица силно како источен ветар+ и собираат заробеници како песок. 10 Тој народ се подбива со цареви, и им се потсмева на владетели.+ Тој му се смее на секое утврдено место,+ насипува земја и го освојува. 11 Во тоа време ќе профучи како ветар, ќе помине и ќе биде виновен.+ Таа сила му е од неговиот бог.“+
12 Не си ли ти од дамнина, Јехова?+ Боже мој, Светецу мој, ти не умираш!+ Јехова, ти го одреди него за да изврши суд! Карпо,+ го постави да казнува!+
13 Твоите очи се пречисти за да го гледаш злото, ти не можеш да гледаш неволја.+ Зошто ги гледаш оние што постапуваат предавнички+ и молчиш кога злобниот го проголтува поправедниот од себе?+ 14 И зошто ги правиш луѓето да бидат како рибите морски, како лазачите над кои не владее никој?+ 15 Непријателот ги извлекува сите нив со јадица,+ ги влече со својата мрежа, ги собира во својата рибарска мрежа.+ Затоа се радува и е весел.+ 16 Затоа ѝ принесува жртва на својата мрежа и ѝ гори приноси на својата рибарска мрежа, зашто тие му носат бирано јадење и здрава храна.+ 17 Ќе ја испразни ли поради тоа својата мрежа? Мора ли постојано да ги убива народите без милост?+