1. Солуњаните
1 Павле, Силван*+ и Тимотеј+ до собранието* на Солуњаните, кое е во единство+ со Бог, Таткото, и со Господарот* Исус Христос:
Незаслужената доброта и мирот нека бидат со вас!+
2 Секогаш му благодариме на Бог за сите вас кога ве спомнуваме во своите молитви,+ 3 зашто непрестајно ги имаме на ум вашите дела поттикнати од вера+ и вашиот труд поттикнат од љубов и вашата истрајност која произлегува од вашата надеж+ во нашиот Господар Исус Христос, пред нашиот Бог и Татко. 4 Зашто, знаеме, браќа сакани од Бог, дека тој ве избра,+ 5 бидејќи добрата вест што ја проповедаме не дојде кај вас само со зборови, туку и со моќ+ и со свет дух и со длабоко уверување.+ А и самите знаете какви бевме меѓу вас заради вас.+ 6 И вие се угледавте на*+ нас и на Господарот+ зашто, и покрај многу неволји,+ ја прифативте речта со радоста што доаѓа преку светиот дух,+ 7 така што им станавте пример на сите верници во Македонија* и во Ахаја.*
8 И не само што Јеховината реч+ од вас одекна во Македонија и во Ахаја туку и вашата вера+ во Бог се рашири насекаде,+ така што ние не треба ништо да зборуваме. 9 Зашто, самите тие раскажуваат за тоа како дојдовме кај вас и како од своите идоли се обративте кон Бог+ за да му робувате на живиот+ и вистински Бог+ 10 и дека чекате+ да дојде од небесата неговиот Син,+ Исус, кого го подигна од мртвите+ и кој нѐ избавува од гневот што доаѓа.+