1. Мојсеева
9 Тогаш Бог ги благослови Ное и неговите синови и им рече: „Плодете се, множете се и наполнете ја земјата!+ 2 Од вас нека се плашат и нека страхуваат сите суштества на земјата, сите суштества што летаат по небото, сѐ друго што се движи по земјата и сите риби во морето! Во ваши раце се предадени сите тие.+ 3 Сѐ што се движи и живее нека ви служи за храна.+ Сето тоа ви го давам како што ви ги дадов зелените растенија.+ 4 Само не смеете да јадете месо со неговата душа,+ односно со неговата крв!+ 5 А ќе ја барам и вашата крв, вашите души. Ќе ја барам од секое животно. И од човекот, од секој што му е ближен на човекот, ќе ја барам душата на човекот.+ 6 Кој ќе пролее човечка крв, и неговата крв ќе биде пролеана од човек,+ зашто Бог го направи човекот според својот лик. 7 Раѓајте се и множете се, наполнете ја земјата и намножете се на неа!“+
8 Потоа Бог им рече на Ное и на неговите синови со него: 9 „Еве, јас склучувам сојуз+ со вас, со вашето потомство по вас+ 10 и со секоја жива душа што е со вас, со птиците, со стоката и со сите други земни суштества што се со вас — со сѐ што излезе од арката, со секое суштество на земјата.+ 11 Да, јас го склучувам својот сојуз со вас: никогаш повеќе потопни води нема да го уништат секое суштество и никогаш повеќе нема да има потоп, кој ќе ја опустоши земјата“.+
12 Потоа Бог додаде: „Ова е знакот+ на сојузот што го склучувам помеѓу мене и вас и секоја жива душа што е со вас, за сите поколенија довека. 13 Своето виножито+ го ставам во облакот за да биде знак на сојузот помеѓу мене и земјата. 14 И секогаш кога ќе донесам облак над земјата, во облакот ќе се појави виножитото, 15 па ќе се сетам на мојот сојуз+ меѓу мене и вас и сите живи души од секој вид.+ И никогаш повеќе од водите нема да настане потоп за да го уништи секое суштество.+ 16 Виножитото ќе се појави во облакот,+ и јас ќе го видам и ќе се сетам на вечниот сојуз+ меѓу мене и секоја жива душа, секое суштество на земјата“.+
17 Потоа Бог му повтори на Ное: „Ова е знакот на сојузот што го склучувам меѓу мене и секое суштество на земјата“.+
18 Ноевите синови+ што излегоа од арката беа: Сем, Хам и Јафет. Подоцна на Хам му се роди Ханаан.+ 19 Ова се тројцата синови на Ное, и од нив се насели целата земја.+
20 Ное стана земјоделец+ и насади лозје.+ 21 Кога пиеше вино, се опи+ и се откри среде својот шатор. 22 А Хам,+ таткото на Ханаан, ја виде голотијата на својот татко,+ па им го кажа тоа на своите двајца браќа надвор.+ 23 Тогаш Сем и Јафет зедоа една наметка,+ си ја префрлија преку рамења, па, одејќи назадечки, ја покрија со неа голотијата на татка си. Со лицето беа свртени на другата страна, така што не го видоа татка си гол.+
24 Кога Ное се разбуди, отрезнет од виното, и кога дозна што му сторил најмладиот син, 25 рече:
28 И Ное живееше по потопот уште триста и педесет години.+ 29 Така, Ное живееше вкупно деветстотини и педесет години, па умре.+