Давидова фалба.
א [алеф]
145 Ќе те возвишувам, о Боже мој, Царе мој,+
и ќе го благословувам твоето име довека, во сета вечност.+
ב [бет]
2 Цел ден ќе те благословувам+
и ќе го фалам твоето име довека, во сета вечност.+
ג [гимел]
3 Велик е Јехова и достоен за најголемата фалба,+
и неговото величие е неистражливо.+
ד [далет]
4 Поколение по поколение ќе ги фали твоите дела+
и ќе раскажува за твоите големи дела.+
ה [хеј]
5 Ќе размислувам за славната убавина на твоето величество+
и за твоите чудесни дела.+
ו [вав]
6 Тие ќе раскажуваат колку се силни сите твои застрашувачки дела.+
За твоето величие ќе раскажувам.+
ז [заин]
7 Восхитено ќе раскажуваат за изобилството на твојата добрина+
и поради твојата праведност радосно ќе воскликнуваат.+
ח [хет]
8 Јехова е милостив и милосрден,+
бавен е на гнев и има голема милост.+
ט [тет]
9 Јехова е добар кон сите+
и неговото милосрдие почива над сите негови суштества.+
י [јуд]
10 Сите твои дела ќе те фалат, Јехова,+
твоите лојални слуги ќе те благословуваат.+
כ [каф]
11 За славата на твоето царство ќе зборуваат+
и за твојата моќ ќе кажуваат,+
ל [ламед]
12 за да им ги објават на синовите човечки твоите големи дела+
и славата на твоето величествено царување.+
מ [мем]
13 Твоето царство е вечно царство+
и твојата власт трае низ сите поколенија.+
ס [самек]
14 Јехова ги придржува сите што паѓаат+
и ги исправа сите што се наведнати.+
ע [аин]
15 Очите на сите се вперени во тебе,+
и ти им даваш храна во право време.+
פ [пе]
16 Ти ја отвораш својата рака+
и ја задоволуваш желбата на сѐ што е живо.+
צ [цадик]
17 Јехова е праведен на сите свои патишта+
и лојален во сите свои дела.+
ק [куф]
18 Јехова е близу до сите што го повикуваат,+
до сите што го повикуваат во вистина.+
ר [реш]
19 Ќе им ја исполни желбата на оние што се бојат од него,+
ќе го чуе нивниот повик и ќе ги спаси.+
ש [шин]
20 Јехова ги чува сите што го сакаат,+
а сите зли ќе ги истреби.+
ת [тав]
21 Мојата уста ќе кажува фалби за Јехова;+
сѐ што е создадено нека го благословува неговото свето име довека, во сета вечност!+