5. Мојсеева
8 Совесно држете ги сите заповеди што ви ги давам денес+ за да живеете,+ да се намножите, да влезете во земјата која Јехова со заклетва им ја вети на вашите прататковци, и да ја заземете.+ 2 Сеќавај се на целиот пат по кој Јехова, твојот Бог, те водеше низ пустината во овие четириесет години,+ за да те научи на понизност,+ да те испита+ и така да дознае што има во твоето срце,+ дали ќе ги држиш неговите заповеди или не. 3 Те учеше на понизност, те оставаше гладен+ и те хранеше со мана+ за која не знаевте ни ти ни твоите татковци, за да ти покаже дека човек не живее само од леб, туку и од секој збор што излегува од Јеховината уста.+ 4 Твојата облека не се изветви на тебе, и нозете не ти отекуваа во овие четириесет години.+ 5 И ти добро знаеш во своето срце дека Јехова, твојот Бог, те укоруваше како што човек го укорува својот син.+
6 Затоа, држи ги заповедите на Јехова, својот Бог, одејќи по неговите патишта+ и плашејќи се од него.+ 7 Зашто, Јехова, твојот Бог, те води во добра земја,+ во земја на потоци,* на извори и на подземни води што извираат во долините+ и во планините, 8 во земја на пченицата, на јачменот, на виновата лоза, на смоквите и на калинките,+ во земја на маслинките, кои даваат масло, и на медот,+ 9 во земја во која нема да јадеш леб во немаштија, во која ништо нема да ти недостасува, во земја во која има железо во камењата и каде што ќе вадиш бакар од планините.
10 Кога ќе се најадеш до ситост,+ благослови го+ Јехова, својот Бог, поради добрата земја што ти ја даде.+ 11 Чувај се да не го заборавиш+ Јехова, својот Бог, и да не ги занемариш неговите заповеди, закони и одредби што ти ги давам денес,+ 12 за да не се случи, кога ќе се најадеш до ситост, кога ќе изградиш убави куќи и ќе се вселиш во нив,+ 13 кога ќе ти се намножи крупната и ситната стока, кога ќе ти се натрупа среброто и златото и ќе се умножи сѐ што е твое, 14 тогаш да се вообрази твоето срце+ и да го заборавиш Јехова, својот Бог, кој те изведе од египетската земја, од куќата на ропството,+ 15 кој те водеше низ големата и застрашувачка пустина,+ во која има змии отровници+ и скорпии и жедна земја без вода; кој ти извади вода од карпа тврда како кремен;+ 16 кој во пустината те хранеше со мана,+ за која не знаеја твоите татковци, за да те научи на понизност+ и да те испита, и на крајот да ти направи добро.+ 17 Немој тогаш да си речеш во срцето: ‚Мојата сила и мојата силна рака го стекнаа ова богатство‘.+ 18 Сети се на Јехова, својот Бог, зашто тој ти дава сила да стекнуваш богатство,+ за да го исполни така својот сојуз за кој им се заколна на твоите прататковци, како што се гледа денес.+
19 Ако го заборавиш Јехова, својот Бог, и ако појдеш по други богови, па почнеш да им служиш и да им се клањаш, денес ве предупредувам дека сигурно ќе пропаднете.+ 20 Како што ќе пропаднат народите кои Јехова ги сотира пред вас, така ќе пропаднете и вие, зашто не го слушавте гласот на Јехова, својот Бог.+