2. Мојсеева
7 Јехова му одговори на Мојсеј: „Еве, те поставувам за бог на фараонот,+ а твојот брат Арон ќе ти биде пророк.+ 2 Ти ќе зборуваш сѐ што ќе ти заповедам,+ а твојот брат Арон потоа ќе му зборува на фараонот+ да ги пушти синовите на Израел да си одат од неговата земја.+ 3 А јас ќе дозволам да му закорави срцето на фараонот+ и ќе ги намножам своите знаци и чуда во египетската земја.+ 4 Но фараонот нема да ве послуша.+ Затоа Египет ќе ја почувствува на себе мојата рака. Ќе го казнам строго+ и ќе ги изведам своите чети,+ својот народ,+ синовите на Израел,+ од египетската земја. 5 И Египќаните ќе знаат дека јас сум Јехова кога ќе ја подигнам својата рака против Египет+ и ќе ги изведам синовите на Израел од нивната средина“.+ 6 И Мојсеј и Арон направија како што им заповеда Јехова.+ Токму така направија.+ 7 Мојсеј имаше осумдесет, а Арон осумдесет и три години кога зборуваа со фараонот.+
8 И Јехова им рече на Мојсеј и Арон: 9 „Ако ви рече фараонот: ‚Направете некакво чудо‘,+ тогаш речи му на Арон: ‚Земи го својот стап+ и фрли го пред фараонот.‘ И стапот ќе се претвори во голема змија“.+ 10 Така Мојсеј и Арон дојдоа пред фараонот и направија така како што беше заповедал Јехова. Арон го фрли својот стап пред фараонот и неговите слуги и стапот се претвори во голема змија. 11 Но и фараонот ги повика мудреците и маѓепсниците.+ И египетските свештеници што се занимаваат со магија го направија истото со своите маѓепснички вештини.+ 12 Го фрлија секој својот стап и стаповите се претворија во големи змии. Но стапот на Арон ги проголта нивните стапови. 13 Сепак, срцето на фараонот закорави+ и не ги послуша, токму како што рече Јехова.
14 Тогаш Јехова му рече на Мојсеј: „Срцето на фараонот закорави.+ Тој не сака да го пушти народот.+ 15 Појди изутрина кај фараонот! Еве, тој ќе излезе кај водата,+ а ти застани пред него на брегот на Нил+ и земи го в раце стапот што се претвори во змија.+ 16 И речи му: ‚Јехова, Богот на Евреите, ме испрати кај тебе,+ велејќи: „Пушти го мојот народ да оди и да ми служи во пустината!“+ — но еве, сѐ досега ти не послуша. 17 Вака вели Јехова:+ „По ова ќе знаеш дека јас сум Јехова.+ Еве, со стапот што ми е в рака ќе удрам по водата на Нил,+ и водата ќе се претвори во крв.+ 18 И рибите во Нил ќе изгинат,+ а Нил ќе засмрди,+ така што на Египќаните ќе им се гади да пијат вода од него“ ‘ “.+
19 Јехова уште му рече на Мојсеј: „Речи му на Арон: ‚Земи го својот стап и испружи ја раката+ над египетските води, над нивните реки, над нилските канали, над мочуриштата+ и над сите води што ги собрале, за да се претворат во крв‘. И ќе има крв по целата египетска земја, и во дрвените и во камените садови“. 20 А Мојсеј и Арон веднаш направија онака+ како што им беше заповедал Јехова.+ И Арон го крена стапот и удри по водата на Нил пред очите на фараонот и на неговите слуги,+ та сета вода во Нил се претвори во крв.+ 21 И изгинаа рибите во Нил,+ а Нил засмрде, така што Египќаните не можеа да пијат вода од него.+ И имаше крв по целата египетска земја.
22 Но египетските свештеници што се занимаваа со магија го направија истото со своите тајни вештини,+ па фараонот остана со закоравено срце+ и не ги послуша, како што беше рекол Јехова.+ 23 Фараонот се сврте и си отиде во својот дом, и не му беше грижа ниту за тоа.+ 24 А сите Египќани копаа околу Нил барајќи вода за пиење, зашто не можеа да пијат вода од Нил.+ 25 И поминаа седум дена откако Јехова го удри Нил.