2. Коринќаните
13 Ова е третпат како доаѓам кај вас.+ „Секое тврдење нека биде потврдено со изјавата на двајца или тројца сведоци.“+ 2 Иако не сум со вас, прифатете ги моите зборови како да сум по втор пат со вас. Значи, како што ги предупредив порано, така и сега ги предупредувам оние што порано згрешиле, како и сите останати, дека ако дојдам повторно, никого нема да штедам,+ 3 зашто вие барате доказ дека во мене зборува Христос,+ кој спрема вас не е слаб, туку е моќен меѓу вас. 4 Вистина, беше прикован на столб+ поради слабоста,+ но е жив поради Божјата сила.+ И ние, навистина, сме слаби како што беше и тој, но ќе живееме со него+ поради Божјата сила+ која дејствува врз вас.
5 Испитувајте дали сте во верата, проверувајте се самите себе.+ Зарем не сфаќате дека Исус Христос е во единство со вас?+ Би требало да сфатите, освен ако не сте отфрлени. 6 Навистина се надевам дека ќе спознаете дека ние не сме отфрлени.
7 Му се молиме на Бог+ да не направите никакво зло, не за да бидеме ние прифатени, туку за вие да правите добро, па макар и да сме отфрлени. 8 И така, ништо не можеме да сториме против вистината, туку само за вистината.+ 9 Да, се радуваме секогаш кога ние сме слаби, а вие јаки.+ За тоа и се молиме+ — да се поправате. 10 Затоа и ви го пишувам ова додека сум отсутен, за да не мора да настапам строго кога ќе бидам присутен,+ зашто овластувањата што ми ги даде Господарот* треба да служат за изградување,+ а не за уривање.
11 На крајот, браќа, радувајте се, исправајте се, примајте утеха,+ еднакво размислувајте,+ живејте во мир,+ па Богот на љубовта и на мирот+ ќе биде со вас! 12 Поздравете се еден со друг со свет бакнеж!+ 13 Ве поздравуваат сите свети.
14 Незаслужената доброта на Господарот Исус Христос и Божјата љубов и заедништвото во светиот дух нека бидат со сите вас!+