Јаков
3 Меѓу вас нека нема многу учители,+ браќа мои, зашто знаете дека ќе бидеме построго судени.+ 2 Зашто, сите ние честопати грешиме.+ Ако некој не греши во зборови,+ тој е совршен човек,+ способен да го заузда и целото тело. 3 Ако на коњите им ставиме узда+ во устата за да ни бидат покорни,+ управуваме и со целото нивно тело. 4 Погледнете ги и бродовите. Иако се толку големи и носени од силни ветрови, мала крма+ ги управува таму каде што сака кормиларот.
5 Исто така, јазикот е мал дел од телото, а се фали со големи работи.+ Ете, мал оган е потребен за да се запали голема шума! 6 Јазикот е оган.+ Јазикот е свет на злото меѓу нашите делови на телото, зашто го валка целото тело,+ па му го уништува целиот живот* на човекот и пали како геената.* 7 Зашто, секој вид диво животно и птица и лазач и морско суштество може да се скроти, и човечкиот род го скротил.+ 8 Но јазикот никој од луѓето не може да го скроти. Тој е незауздано зло, полно со смртоносен отров.+ 9 Со него го благословуваме Јехова,+ Таткото,+ а со него ги проколнуваме луѓето,+ кои се создадени „слични на Бог“.+ 10 Од истата уста излегува и благослов и проклетство.
Не смее, браќа мои, тоа да биде така!+ 11 Зарем од истиот извор+ извира и слатка и горчлива вода? 12 Браќа мои, може ли смоква да роди маслинки или лоза смокви?+ Така ниту од солената вода не може да настане слатка вода.
13 Кој е меѓу вас мудар и разборит?* Со примерниот живот нека ги покаже своите дела+ со благост која ѝ е својствена на мудроста. 14 Но, ако во срцата имате горчлива љубомора+ и кавгаџиство,+ не фалете се+ и не лажете против вистината.+ 15 Тоа не е мудроста која доаѓа одозгора,+ туку е земна,+ телесна, демонска.+ 16 Зашто, каде што има љубомора+ и кавгаџиство, таму има неред и секакво зло.+
17 Но мудроста+ одозгора пред сѐ е чиста,+ потоа мирољубива,+ разумна,*+ спремна да послуша, полна со милосрдие и со добри плодови,+ непристрасна,+ нелицемерна.+ 18 А плодот+ на праведноста+ се сее во мир+ и ќе го соберат оние што творат мир.+