Изреки
4 Слушајте ги, синови, опомените* на татко ви+ и внимавајте, за да стекнете разборитост,*+ 2 зашто ќе ви дадам добра поука.+ Не оставајте ги моите упатства.*+ 3 Јас му бев вистински син на татко ми,+ нежен единец ѝ бев на мајка ми.+ 4 Тој ме поучуваше+ и ми велеше: „Срцето твое+ нека се држи цврсто за моите зборови.+ Држи ги моите заповеди, и ќе живееш.+ 5 Стекни мудрост,+ стекни разборитост.*+ Не заборавај ги зборовите на мојата уста и не отстапувај од нив.+ 6 Не оставај ја мудроста, и таа ќе те чува. Сакај ја, и ќе те штити. 7 Мудроста е најважна.+ Стекни мудрост и со сиот свој имот стекни разборитост.*+ 8 Високо цени ја, и таа ќе те возвиши.+ Ќе те прослави кога ќе ја прегрнеш.+ 9 Ќе ти стави убав венец на глава,+ ќе ти подари прекрасна круна“.+
10 Слушај, сине мој, и прими ги моите зборови.+ Тогаш ќе ти се намножат годините на животот.+ 11 Ќе те поучам за патот на мудроста,+ ќе те поведам по патеките на справедливоста.+ 12 Кога ќе одиш, чекорот твој нема да биде сопрен.+ Ако потрчаш, нема да се сопнеш.+ 13 Прифати ги опомените,*+ не пуштај ги.+ Чувај ги, зашто тие ти се живот.+
14 Не стапнувај на патеката на расипаните луѓе+ и не оди по патот на злите.+ 15 Остави го,+ не оди по него,+ тргни се од него и заобиколи го.+ 16 Зашто, тие не можат да спијат ако не направат зло+ и сон не ги фаќа ако не сопнат некого.+ 17 Зашто, го јадат лебот на злобата+ и го пијат виното на насилството.+ 18 А патеката на праведниците е како блескава светлина, која свети сѐ посилно додека сосема не се раздени.+ 19 А патот на злите е како мрак,+ не знаат од што се сопнуваат.+
20 Сине мој, внимавај на моите зборови.+ Приклони го увото кон моите поуки.+ 21 Не губи ги никогаш од вид.+ Чувај ги среде своето срце.+ 22 Зашто, тие се живот за оние што ги наоѓаат+ и здравје на целото нивно тело.+ 23 А од сѐ што треба да се чува, најмногу чувај си го срцето,+ зашто од него извира животот.+ 24 Отфрли го од себе расипаниот говор+ и оддалечи ги од себе лукавите усни.+ 25 Твоите очи нека гледаат право напред,+ и погледот насочи го пред себе.+ 26 Израмни ја патеката по која оди твојата нога+ и сите твои патишта нека бидат постојани.+ 27 Не скршнувај ни надесно ни налево.+ Тргни си ја ногата од злото.+