Лука
3 Во 15-тата година од владеењето на цезарот Тибериј, кога Понтиј Пилат беше управител на Јудеја, Ирод* владетел* на Галилеја, неговиот брат Филип владетел на Итуреја и Трахонитида, и Лисаниј владетел на Авилинија, 2 во деновите на Кајафа и на главниот свештеник Ана, Бог му ја објави својата реч на Јован, синот на Захарија, во пустината.
3 Тој го обиколи целиот крај околу Јордан и им проповедаше на луѓето дека треба да се крстат и така да покажат дека се каат за своите гревови, за да може да им бидат простени, 4 како што стои во книгата на пророкот Исаија: „Силен глас се слуша во пустината: ’Подгответе му го патот на Јехова! Израмнете ги неговите патеки! 5 Секоја долина да се исполни, и секоја планина и секој рид да се израмнат. Кривулестите патишта да станат прави, нерамните патишта да се израмнат. 6 И сите луѓе ќе го видат спасението од Бог‘“.
7 И на мноштвото луѓе кои доаѓаа кај него за да ги крсти им велеше: „Змии отровници! Кој ви рекол дека можете да избегате од Божјиот гнев што доаѓа? 8 Најпрво покажете со своите дела дека сте се покајале. Не ни помислувајте да си речете: ’Авраам ни е татко‘. Зашто, ви велам дека Бог може и од овие камења да му подигне деца на Авраам. 9 Секирата веќе е спремна да ги исече дрвјата до корен. Секое дрво кое не дава добар плод, ќе биде исечено и фрлено во оган“.
10 А луѓето го прашуваа: „Тогаш, што треба да правиме?“ 11 Тој им одговори: „Кој има две облеки, нека му даде една на оној што нема ниту една, и кој има храна, нека му даде на оној што нема“. 12 Дури и даночници дојдоа да се крстат, па го прашаа: „Учителе, што треба да правиме?“ 13 Тој им одговори: „Не барајте луѓето да ви плаќаат повеќе од она што е пропишано“. 14 А и некои војници го прашаа: „А што треба ние да правиме?“ Ним им рече: „Не изнудувајте пари од никого и не обвинувајте лажно никого, туку бидете задоволни со својата плата“.
15 А народот беше во исчекување и сите се прашуваа да не е Јован можеби Христос. 16 Затоа Јован на сите им рече: „Јас ве крштавам со вода, но доаѓа оној што е посилен од мене. Јас не сум достоен ни да му ги одврзам сандалите. Тој ќе ве крсти со свет дух и со оган. 17 Во раката држи лопата за да го исчисти своето гумно и да го собере житото во својот амбар, а плевата ќе ја изгори во оган што не може да се изгасне“.
18 Тој ги охрабри и со многу други зборови и продолжи да им ја објавува добрата вест. 19 А бидејќи Јован го прекоруваше Ирод, владетелот на Галилеја, поради Иродијада, жената на брат му, и поради сите злодела што ги беше направил, 20 Ирод го фрли Јован во затвор и така направи уште едно злодело.
21 Кога се крстија сите, се крсти и Исус. Додека се молеше, небото се отвори 22 и светиот дух слезе на него во телесен облик како гулаб, и од небото се слушна глас: „Ти си мојот сакан Син! Ти си ми по волја!“*
23 Кога започна со својата служба, Исус имаше околу 30 години. А беше, како што се сметаше,
син на Јосиф,
син на Или,
24 син на Матат,
син на Леви,
син на Мелхи,
син на Јанај,
син на Јосиф,
25 син на Мататиј,
син на Амос,
син на Наум,
син на Если,
син на Нагај,
26 син на Маат,
син на Мататиј,
син на Семеин,
син на Јосех,
син на Јода,
27 син на Јоанан,
син на Реза,
син на Зоровавел,
син на Салатиел,
син на Нери,
28 син на Мелхи,
син на Ади,
син на Косам,
син на Елмадам,
син на Ир,
29 син на Исус,
син на Елиезер,
син на Јорим,
син на Матат,
син на Леви,
30 син на Симеон,
син на Јуда,
син на Јосиф,
син на Јонам,
син на Елијаким,
31 син на Мелеа,
син на Мена,
син на Матата,
син на Натан,
син на Давид,
32 син на Јесеј,
син на Овид,
син на Вооз,
син на Салмон,
син на Насон,
33 син на Аминадав,
син на Арни,
син на Есром,
син на Фарес,
син на Јуда,
34 син на Јаков,
син на Исак,
син на Авраам,
син на Тара,
син на Нахор,
35 син на Серух,
син на Рагав,
син на Фалек,
син на Евер,
син на Сала,
36 син на Каинан,
син на Арфаксад,
син на Сем,
син на Ное,
син на Ламех,
37 син на Метузалем,
син на Енох,
син на Јаред,
син на Малелеел,
син на Каинан,
38 син на Енос,
син на Сет,
син на Адам,
син на Бог.