Марко
11 Кога се приближија до Ерусалим, до Витфага и Витанија+ на Маслинската Гора, испрати двајца од своите ученици+ 2 и им рече: „Појдете во селоно што го гледате пред вас, и штом ќе влезете во него, ќе најдете врзано магаре на кое уште никој не седнал. Одврзете го и доведете го.+ 3 Ако некој ви каже: ‚Зошто го правите тоа?‘ — речете му: ‚Му треба на Господарот, но веднаш ќе го врати‘ “.+ 4 И така отидоа и го најдоа магарето заврзано до вратата, надвор на улица, и го одврзаа.+ 5 А некои од оние што стоеја таму ги прашаа: „Зошто го одврзувате магарето?“+ 6 Тие им одговорија така како што им рече Исус. И тогаш ги пуштија.+
7 И го доведоа магарето+ кај Исус, па ги ставија врз него своите облеки, и тој седна на него.+ 8 Мнозина ги простреа своите облеки+ по патот, а други зедоа зелени гранки+ што ги насекоа во нивите.+ 9 Оние што одеа пред него и оние што одеа по него викаа: „Спаси го, те молиме!+ Благословен е оној што доаѓа во името на Јехова!+ 10 Благословено е царството на нашиот татко Давид, кое доаѓа!+ Спаси го, те молиме тебе, кој си на висините!“ 11 И влезе во Ерусалим и отиде во храмот. Разгледа сѐ наоколу и, бидејќи веќе беше доцна, отиде со дванаесеттемина во Витанија.+
12 Утредента, кога излегоа од Витанија, тој огладне.+ 13 И оддалеку здогледа една смоква што имаше лисја, и отиде да види дали на неа ќе најде нешто. Но, кога дојде до неа, не најде ништо друго освен лисја, бидејќи не беше време за смокви.+ 14 Тогаш тој ѝ рече: „Никогаш повеќе никој да не јаде плод од тебе!“+ А неговите ученици слушаа.
15 И дојдоа во Ерусалим. Таму влезе во храмот и почна да ги истерува оние што продаваа и купуваа во храмот, и им ги испреврте масите на менувачите на пари и клупите на продавачите на гулаби.+ 16 И никому не му дозволуваше да пренесе некаков предмет низ храмот. 17 И го поучуваше народот и велеше: „Зарем не е напишано: ‚Мојот дом ќе се вика дом на молитвата+ за сите народи‘?+ А вие од него направивте разбојничка пештера“.+ 18 А тоа го слушнаа главните свештеници и книжниците и бараа можност да го погубат,+ зашто се плашеа од него, бидејќи сиот народ беше воодушевен од неговото поучување.+
19 Кога дојде вечер, тие излегоа од градот како и обично. 20 Но кога поминаа рано изутрината, видоа дека смоквата е исушена до корен.+ 21 Петар се сети на Исусовите зборови, па му рече: „Учителе,* погледни, смоквата што ја проколна се исушила!“+ 22 А Исус им одговори: „Имајте вера во Бог. 23 Вистина, ви велам, секој што ќе ѝ рече на оваа планина: ‚Дигни се и фрли се в море‘ и не се посомнева во своето срце, туку верува дека ќе се случи тоа што го вели, ќе му се исполни тоа.+ 24 Затоа ви велам: сето она за кое се молите и го барате, верувајте дека веќе сте го добиле, и ќе го имате.+ 25 И кога стоите и се молите, простете+ сѐ што имате против некого, за и вашиот Татко, кој е на небесата, да ви ги прости вам вашите престапи“.+ 26 *——
27 И повторно дојдоа во Ерусалим. Додека одеше низ храмот, му пристапија главните свештеници, книжниците и старешините+ 28 и го прашаа: „Со каква власт го правиш тоа? Кој ти ја даде таа власт да го правиш тоа?“+ 29 А Исус им рече: „Ќе ве прашам нешто. Одговорете ми, па и јас ќе ви кажам со каква власт го правам ова.+ 30 Дали крштавањето+ со кое крштаваше Јован беше од небото или од луѓето? Одговорете ми!“+ 31 Тогаш почнаа да расправаат меѓу себе: „Ако речеме: ‚Од небото‘, ќе рече: ‚Зошто тогаш не му верувавте?‘+ 32 А да речеме: ‚Од луѓето‘?“ Но се плашеа од народот, бидејќи сите сметаа дека Јован навистина беше пророк.+ 33 И му одговорија на Исус: „Не знаеме“. А Исус им рече: „Ниту јас нема да ви кажам со каква власт го правам ова“.+