Јов
3 Да, врз таквиот си го отворил своето око,
и мене ме водиш на суд.+
4 Кој ќе извади чисто од нечисто?+
Никој!
5 Ограничен е животниот век на човекот,+
во твоја власт е бројот на неговите месеци,
си донел за него одредба преку која не може да помине.
6 Тргни го погледот од него за да се одмори,+
додека не почувствува радост како наемникот на крајот од својот работен ден!
8 Ако му остари коренот во земјата
и неговата пенушка изумира во правта,
9 ќе потера кога ќе почувствува вода+
и ќе пушти гранки како младо растение.+
10 Но, човекот умира и лежи совладан.
Кога ќе издивне земниот човек, каде е?+
11 Водите исчезнуваат од морето,
реката секнува и пресушува.+
12 Човек мора да легне, и повеќе не станува.+
Додека не исчезне небото, нема да се разбуди,+
и нема да се тргне од својот сон.+
14 Кога ќе умре човек, ќе живее ли пак?+
Ќе чекам во сите дни од времето што ми е одредено,*+
додека не дојде моето ослободување.+
17 Мојот бунтовнички престап е запечатен во вреќа,+
и мојата вина ја зацврстуваш со лепило.
18 Но, и планината ќе се урне, ќе се распадне, ќе исчезне,
карпата ќе се премести од своето место.
19 Водата ги излижува и камењата,
нејзиното истекување го измива земниот прав.
Така ти ја уништуваш надежта на смртниот човек.
20 Го совладуваш засекогаш, и тој заминува,+
му го изобличуваш лицето, па го отпушташ.
21 Кога ги почитуваат неговите синови, тој не знае за тоа,+
кога се презрени, тој не е свесен за тоа.
22 Само телото ќе го боли додека е жив
и неговата душа ќе тажи додека е во него“.