Проповедник
10 Од мртви муви се усмрдува и се расипува мирисливото масло.+ Така и мала глупост му го расипува угледот на човек познат по мудроста и честа.+
2 На мудриот срцето му е на десната страна,+ а на глупавиот на левата.+ 3 По кој пат и да оди глупавиот,+ нема разборитост,* и секому му кажува дека е глупав.+
4 Ако се подигне против тебе гневот* на владетелот, не напуштај го своето место,+ зашто смиреноста спречува големи гревови.+
5 Има едно зло што го видов под сонцето, грешка+ што ја прави оној што има власт:+ 6 глупавите ги поставуваат на многу високи положби,+ а способните остануваат на ниски положби.
7 Видов слуги на коњи, и кнезови како одат пеш по земјата како слуги.+
8 Кој копа јама, самиот ќе падне во неа,+ и кој разурнува каменен ѕид, змија ќе го касне.+
9 Кој крши камење, тие ќе го повредат. Кој цепи дрва, треба да биде внимателен.+
10 Ако отапи железна алатка и ако сечилото не ѝ биде наострено,+ човек троши повеќе сила. Значи, успехот лежи во примената на мудроста.+
11 Ако змија касне човек затоа што не ја скротил со баење,+ тогаш не му користи тоа што го знае јазикот на скротителите.
12 Зборовите од устата на мудриот му донесуваат наклоност од другите,+ а глупавиот го проголтуваат сопствените усни.+ 13 Првите зборови од устата негова се лудост,+ а последните му се погубно безумство. 14 Глупавиот кажува многу зборови.+
Човекот не знае што ќе биде. И кој може да му каже што ќе биде по него?+
15 Безумниците ги изморува нивниот труд,+ зашто никој од нив не знае ни како да појде во градот.+
16 Како ли ти е тебе, земјо, кога царот твој е дете+ и кога кнезовите твои уште од утро се гостат? 17 Среќна си, земјо, кога царот твој е од благороднички род и кога кнезовите твои јадат во право време за да се поткрепат, а не за да се опијат.+
18 Од голема мрзливост се свиткуваат гредите и од немарни раце прокапува куќата.+
19 Лебот ги весели работниците и виното го развеселува животот,+ но парите набавуваат сѐ.+
20 Ни во собата во која спиеш не проколнувај го царот,+ ни во самотијата на собата во која лежиш не проколнувај го богатиот,+ зашто птица небесна ќе го однесе гласот, и крилесто суштество ќе го раскаже тоа.+