Исаија
20 Во онаа година кога тартанот*+ дојде против Азот,+ кога беше испратен од Саргон, царот на Асирија,+ па го нападна Азот и го освои,+ 2 Јехова зборуваше преку Исаија, синот на Амос,+ и рече: „Оди,+ симни ја козината од колковите+ и собуј ги сандалите од нозете!“+ И тој направи така, па одеше гол* и бос.+
3 Потоа Јехова рече: „Како што мојот слуга Исаија одеше гол и бос три години како знак+ и предзнак против Египет+ и против Етиопија,+ 4 така царот на Асирија ќе ги одведе заробените Египќани+ и протераните Етиопјани — деца и старци, голи и боси и со голи задници, откривајќи ја голотијата на Египет.+ 5 Тогаш ќе се исплашат и ќе се посрамат од Етиопија, својата надеж,+ и од Египет, својата убавина,+ 6 и во тој ден жителите на ова приморје ќе речат: ‚Еве, тоа е нашата надеж кај која бегавме за помош, за да нѐ избави од асирскиот цар!+ А како да се спасиме ние?‘“