Изреки
16 Човекот размислува во своето срце што ќе каже,
а Јехова му помага да одговори како што треба.
2 На човекот му се чини дека сите негови патишта се исправни,*
но Јехова ги испитува неговите мотиви.
4 Јехова направил сѐ да служи за неговата намера,
па дури и злобните, кои ќе бидат уништени во денот на неволја.
5 Секој што е горд во срцето му е одвратен на Јехова.
Биди сигурен дека нема да си помине без казна.
7 Кога е задоволен со постапките на некој човек,
Јехова ги помирува со него дури и неговите непријатели.
8 Подобро е да имаш малку и да бидеш праведен
отколку да си натрупаш богатство на нечесен начин.
9 Човек во своето срце може да планира по кој пат ќе оди,
но Јехова е тој што ги води неговите чекори.
10 Од усните на царот треба да излегуваат вдахновени* одлуки;
тој никогаш не смее да ја изневери правдата.
11 Точната мерка и точната вага се од Јехова;
сите тегови во торбата се негово дело.
12 На царевите им се одвратни злите постапки
бидејќи нивниот престол се зацврстува со праведност.
13 На царевите им е мило кога луѓето зборуваат чесно;
тие го сакаат оној што зборува искрено.
14 Бесот на царот е како гласник што навестува смрт,
но мудриот човек знае како да го смири.
15 Ведрото лице на царот значи живот,
а неговата наклоност е како облак со пролетен дождец.
16 Колку е подобро да стекнеш мудрост отколку злато!
Да стекнеш разборитост е подобро отколку сребро.
17 Чесните го избегнуваат она што е лошо.
Секој што внимава на своите постапки си го чува животот.
19 Подобро е да бидеш понизен и да се дружиш со кротките
отколку да делиш плен со вообразените.
21 Оној што има мудро срце ќе биде познат како разумен човек,
и оној што зборува љубезно* е поуверлив.
23 Оној што е мудар внимателно ги избира своите зборови,
и тоа што го кажува е уверливо.
25 Некој пат му се чини на човекот исправен,
но на крајот води во смрт.
27 Расипаниот човек го ископува она што е лошо;
неговите зборови се како разгорен оган.
28 Човек што прави сплетки сее раздор,
а клеветникот ги раздвојува блиските пријатели.
29 Насилниот човек го заведува својот ближен
и го води на погрешен пат.
30 Намигнува кога смислува сплетки
и ги стиска усните кога прави зло.
32 Оној што е стрплив* е подобар од силен човек,
и оној што се совладува себеси* е подобар од оној што освоил град.
33 Ждрепката се фрла во скут,
но секоја одлука донесена со неа е од Јехова.