2. Коринќаните
2 Затоа одлучив во себе да не ви донесам жалост+ кога ќе дојдам повторно кај вас. 2 Зашто, ако јас ве разжалостам,+ кој ќе ме развесели мене? Зарем оние што сум ги разжалостил? 3 Тоа што ви го напишав, го напишав за, кога ќе дојдам, да не се разжалостам+ поради оние поради кои треба да се радувам.+ Со оглед на сите вас, уверен сум+ дека она што ме радува мене ве радува и сите вас. 4 Зашто, ви пишав поттикнат од голема грижа и мака во срцето, со многу солзи,+ не за да се разжалостите,+ туку да ја спознаете големата љубов што ја чувствувам кон вас.
5 А ако некој ме разжалостил,+ не ме разжалостил мене, туку на некој начин — не сакам да претерувам — сите вас. 6 На таквиот му е доволно што е укорен+ од повеќето. 7 Затоа, напротив, спремно простете му+ и утешете го, за да не го скрши преголемата жалост.+ 8 Затоа ве молам, покажете му дека го сакате.+ 9 Зашто, со таква цел и ви пишувам, за да утврдам дали сте послушни во сѐ.+ 10 Кому вие спремно ќе му простите, нему му простувам и јас.+ А јас, ако некому сум му простил нешто, сум му простил поради вас пред Христос, 11 за да не нѐ измами Сатана,+ бидејќи неговите намери не ни се непознати.+
12 Кога дојдов во Троада+ за да ја објавам добрата вест за Христос, иако ми се укажа и можност за работа во делото на Господарот,*+ 13 немав мир* бидејќи не го најдов Тит,+ мојот брат, па се простив од браќата и отидов во Македонија.+
14 Но му благодариме на Бог, кој во единство со Христос+ секогаш нѐ води+ во победничка поворка и преку нас насекаде го шири мирисот на спознанието за себе.+ 15 Зашто, ние сме за Бог пријатен мирис+ Христов, кој го чувствуваат и оние што се на патот за спасение и оние што се на патот за пропаст.+ 16 На овие вториве тоа им е мирис на смртта, кој води во смрт,+ а на првите — мирис на животот, кој води во живот. А кој е способен за таква служба?+ 17 Ние, бидејќи не сме како мнозина+ кои тргуваат со Божјата реч,+ туку зборуваме од искрени подбуди — како пратени од Бог, пред Божји очи и во единство со Христос.+