Михеј
6 Слушајте, ве молам, што вели Јехова!+ Станете, изнесете ја својата парница пред планините, и ридовите нека го чујат вашиот глас!+ 2 Слушнете ја, планини, парницата на Јехова, и вие што постојано стоите, темели на земјата!+ Зашто, Јехова има судски спор со својот народ, ќе се суди со Израел:+
3 „Народе мој,+ што ти направив? Со што те изморив?+ Сведочи против мене!+ 4 Те изведов од египетската земја+ и те откупив од ропската куќа.+ Пред тебе ги испратив Мојсеј, Арон и Маријам.+ 5 Те молам, сети се,+ народе мој, што науми Валак, моавскиот цар,+ и што му одговори Валаам, синот на Веор.+ Сети се што беше од Ситим+ до Гилгал,+ за да се разгласат праведните дела на Јехова“.+
6 Со што да дојдам пред+ Јехова? Со што да му се поклонам на Бог кој е на висините?+ Да дојдам ли пред него со цели жртви паленици,+ со телиња годиначиња? 7 Дали Јехова ќе биде задоволен со илјадници овни, со десетици илјади потоци масло?+ Ќе го дадам ли првородениот син за мојот престап,* плодот на својата утроба за гревот на мојата душа?+ 8 Тој ти кажа, земен човеку, што е добро.+ Бара ли Јехова, твојот Бог, од тебе нешто друго, освен да постапуваш праведно,+ да ја сакаш добротата*+ и скромно+ да одиш со него?+
9 Гласот на Јехова вика кон градот,+ и кој е мудар,* ќе се бои од твоето име.+ Послушајте го стапот и оној што ја одредил казната!+ 10 Дали уште има во куќата на злобниот богатство стекнато со злоба+ и смалена ефа достојна за осуда? 11 Можам ли да бидам чист со злобна вага и со торба со лажни камени тегови?+ 12 Зашто, неговите богаташи се полни со насилство, а неговите жители кажуваат лаги+ и лукав е јазикот во нивната уста.+
13 „А и јас ќе те удирам за да се разболиш,+ ќе бидеш опустошен поради своите гревови.+ 14 А ти ќе јадеш, но нема да се наситиш, ќе чувствуваш празнина во својот желудник.+ Ќе тргаш настрана некои работи, но нема да ги зачуваш, а сѐ што ќе зачуваш, јас ќе му го предадам на мечот.+ 15 Ќе сееш, но нема да жнееш. Ќе газиш маслинки, но нема да се мачкаш со масло. Ќе правиш шира, но вино нема да пиеш.+ 16 Затоа што се држите за одредбите на Амри+ и за сите дела на домот на Ахав+ и живеете* според нивните совети,+ ќе направам луѓето да се згрозуваат од вас и со чудење да потсвирнуваат кога ќе ги видат жителите на градот.+ Народите ќе се потсмеваат со вас.“+