Еремија
46 Оваа објава му дојде на пророкот Еремија како Јеховина реч за народите:+ 2 За Египет,+ за војската на фараонот Нехо, египетскиот цар,+ кој беше кај реката Еуфрат во Кархемис,+ а Навуходоносор, вавилонскиот цар, го порази во четвртата година на Јоаким,+ синот на Јосија, царот на Јуда: 3 „Наредете ги малите и големите штитови и тргнете во бој!+ 4 Коњаници, впрегнете ги коњите и јавнете ги, наредете се со шлемови! Светнете ги копјата! Облечете ги оклопите!+
5 ‚Зошто ги гледам толку уплашени? Се повлекуваат, разбиени се нивните јунаци, бегаат и не се свртуваат.+ Насекаде има страв‘,+ вели Јехова. 6 ‚Нека не бегаат брзите, нека не бегаат јунаците!+ На север,+ на брегот на реката Еуфрат, се спрепнуваат и паѓаат.‘+
7 Кој е тој што се крева како Нил, како води од надојдени реки?+ 8 Египет се крева како Нил,+ неговите води се како надојдени реки.+ И вели: ‚Ќе се кренам. Ќе ја прекријам земјата. Ќе го сотрам градот и оние што живеат во него‘.+ 9 Напред, коњи! Брзајте, коли! Излегувајте, јунаци, Хус*+ и Фут,+ кои носите штитови, и вие Лудејци,+ кои носите и оптегнувате лакови!
10 Тоа е ден на Севишниот Господар, Јехова над војските, ден на одмазда, за да им се одмазди на своите противници.+ Мечот ќе ги проголта и ќе се насити и ќе се напие од нивната крв, зашто Севишниот+ Господар, Јехова над војските, подготвува жртва+ во северната земја покрај реката Еуфрат.+
11 Искачи се на Галад и земи балсам,+ о девице, египетска ќерко!+ Залудно собираш многу лекови. Нема оздравување за тебе.+ 12 Народите слушнаа за твојот срам+ и твојот пискот ја наполни земјата.+ Зашто, јунак се спрепнува од јунак,+ па паѓаат и двајцата“.
13 Ова е речта што Јехова му ја кажа на пророкот Еремија за нападот на Навуходоносор, вавилонскиот цар, врз египетската земја:+ 14 „Објавете во Египет, разгласете во Мигдол,+ разгласете во Ноф*+ и во Тафнис!+ Речете: ‚Постави се и подготви се,+ зашто мечот ќе проголта сѐ околу тебе.+ 15 Зошто ги однесе водата твоите јунаци?+ Не можеа да се спротивстават, зашто Јехова ги потера.+ 16 Мнозина од нив се сопнуваат и паѓаат. И си велат еден на друг: „Стани, да се вратиме кај својот народ, во земјата на својот род, зашто овој меч е свиреп“ ‘. 17 Таму велат: ‚Фараонот, египетскиот цар, е обичен фалбаџија.+ Дозволи да помине времето на свеченоста‘.+
18 ‚Како што сум жив јас,‘ вели Царот, кој се вика Јехова над војските,+ ‚каков што е Тавор+ меѓу планините и Кармил+ покрај морето, таков ќе биде тој кога ќе дојде. 19 Подготви си изгнаничка бовча,+ о жителке, египетска ќерко!+ Зашто, Ноф+ ќе стане грозна глетка и ќе биде изгорен, за да нема жители во него.+ 20 Египет е прекрасна јуница. Од север ќе дојдат комарци против неа.+ 21 Платениците од Египет што се во него се како згоени телиња.+ Но и тие отстапуваат назад,+ бегаат сите. Не можат да се спротивстават.+ Зашто, ги стигна денот на нивната пропаст, времето за пресметка со нив.‘+
22 ‚Неговиот глас е како звукот што го пушта змија што се повлекува,+ зашто доаѓаат со сила, навалуваат со секири на него, како оние што сечат дрва. 23 Ќе ја исечат неговата шума‘,+ вели Јехова, ‚бидејќи е непроодна. Зашто, ги има повеќе отколку скакулците+ и им нема број. 24 Ќе се посрами египетската ќерка.+ Ќе биде предадена во рацете на северниот народ.‘+
25 Вака вели Јехова над војските, Богот Израелов: ‚Еве, ќе се пресметам со Амон+ од Но,*+ со фараонот, со Египет, со неговите богови+ и со неговите цареви,+ со фараонот и со сите што се надеваат на него‘.+
26 ‚Ќе ги предадам во рацете на оние што ја бараат нивната душа, во рацете на Навуходоносор, вавилонскиот цар,+ и во рацете на неговите слуги, а потоа Египет пак ќе биде населен како во дамнешните денови‘,+ вели Јехова.
27 ‚А ти не плаши се, о слуго мој, Јакове, не плаши се, Израеле!+ Зашто, еве, ќе те избавам тебе од далечната земја, и твоето потомство од земјата на нивното заробеништво.+ Јаков ќе се врати, ќе биде мирен и спокоен и никој нема да го плаши.+ 28 Не плаши се, слуго мој, Јакове,‘ вели Јехова, ‚зашто јас сум со тебе!+ Ќе ги истребам сите меѓу кои те распрснав,+ а тебе нема да те истребам.+ Но ќе те казнам колку што е потребно,+ нема да те оставам неказнет‘ “.+