Исаија
46 Вел+ падна на колена,+ Нево свитка плеќи. Нивните ликови+ ги товараат на ѕверови и на добиток, станаа нивно бреме, товар за уморните животни. 2 Плеќите им се свиткуваат. Паѓаат на колена. Овие богови не можат да ги избават+ своите ликови што се носат како бреме, туку и самите* заминуваат во заробеништво.+
3 „Слушајте ме, доме Јаковов, и сите што останавте од домот Израелов,+ кои ве понесов штом се родивте и ве носев од мајчината утроба!+ 4 И до вашата старост јас ќе бидам истиот,+ и кога ќе ви побели косата ќе ве поддржувам.+ Ќе ја извршам својата намера+ — ќе ве носам, ќе ве поддржувам и ќе ве избавувам.+
5 Со кого ќе ме направите сличен+ или ќе ме изедначите или ќе ме споредите, па да речете дека сме слични еден со друг?+ 6 Луѓето на големо го истресуваат златото од ќесињата и го мерат среброто на вага. Најмуваат златар, па тој од него прави бог,+ пред кој паѓаат ничкум и се клањаат.+ 7 Го носат на рамо,+ го пренесуваат и го поставуваат на неговото место, па стои таму и не се помрднува од место.+ Го повикуваат, но тој не им одговара, не спасува никого од неговата неволја.+
8 Сетете се на тоа и бидете храбри! Земете го тоа присрце,+ престапници!+ 9 Сетете се на далечното минато,+ дека јас сум Бог+ и дека нема друг Бог,+ ниту некој што би ми бил сличен!+ 10 Јас од почетокот го јавувам завршетокот,+ од дамнина го јавувам она што уште не било.+ Јас велам: ‚Мојата намера ќе се оствари+ и ќе направам сѐ што сакам‘.+ 11 Од исток повикувам птица грабливка,+ од далечна земја повикувам човек да ја изврши мојата намера.+ Ја кажав својата намера, и ќе ја исполнам.+ Она што го наумив, тоа и ќе го извршам.+
12 Слушајте ме, вие што имате тврдокорно срце+ и сте далеку од праведноста!+ 13 Ја приближувам својата правда.+ Таа не е далеку+ и моето спасение нема да задоцни.+ На Сион ќе дадам спасение. На Израел ќе му ја дадам својата убавина.“+