Псалм. Асафова песна.+
83 Боже, не молчи,+
не биди нем и не мирувај, Боже!+
2 Зашто, еве, твоите непријатели се во безредие,+
подигнале глава+ оние што многу те мразат.
3 Против твојот народ лукаво склучуваат таен договор,+
против оние што си ги скрил+ коваат завера.
4 Велат: „Дојдете, да ги истребиме, за да не бидат повеќе народ,+
за да не се спомнува повеќе името Израел“.+
5 Зашто, со сето срце сложно се советуваат,+
дури склучија и сојуз против тебе+ —
6 шаторите на Едом+ и Исмаелците, Моав+ и Агарјаните,+
7 Гевал и Амон+ и Амалик,
Филистеја+ и жителите на Тир.+
8 И Асирија се здружила со нив,+
им подала рака на синовите на Лот.+ (Села)
9 Направи им го истото што им го направи и на Мадијам,+
на Сисара+ и на Јавин+ во долината на Кисон.+
10 Беа истребени кај Ен-Дор,+
станаа ѓубриво за земјата.+
11 А на нивните достоинственици направи им го истото што им го направи и на Орив и на Зива,+
и на сите нивни кнезови, истото што им го направи и на Зевеј и на Салман,+
12 кои рекоа: „Да ги освоиме местата каде што живее Бог!“+
13 Боже мој, направи ги како чичка што се тркала,+
како слама пред ветар!+
14 Како што огнот ја гори шумата+
и како што пламенот ги пали планините,+
15 така гони ги со својата бура+
и збркај ги со својот виор!+
16 Покриј им ги лицата со срам,+
за да го бараат твоето име, Јехова!+
17 Нека се засрамат и нека се збунат за сите времиња,+
нека се засрамат и нека изгинат,+
18 за да се знае+ дека единствено ти, чие име е Јехова,+
си Севишен+ над целата земја!+